BDD_0194

Слободата на медиумите на Западен Балкан: Громогласна тишина

на мај 16, 14 • од

Државите од регионот на Западен Балкан сите до една се рангирани во групате „делумно слободни“ во најновиот Извештај за слободата на медиумите за 2014 година на американската организација Фридом хаус...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Слободата на медиумите на Западен Балкан: Громогласна тишина

Државите од регионот на Западен Балкан сите до една се рангирани во групате „делумно слободни“ во најновиот Извештај за слободата на медиумите за 2014 година на американската организација Фридом хаус. Најдобро рангирани, со оценка десет од можните 100 поени (што е поголем бројот на поени, толку е помала слободата на медиумите) се Шведска, Норвешка и Холандија. На дното на листата се Белорусија (оцена 93), Еритреја (94), Узбекистан (95), Туркменистан (95) и Северна Кореја (97).
Во нашиот регион, Србија е најдобро пласирана на 74-то место (37 поени), а следат Црна Гора на 78-мо место (39), Хрватска (83, 40), Косово и Албанија се на поделба на 98-то место со по 49 поени, а најлошо пласирани се Босна и Херцеговина (103, 50) и Македонија, која го продолжува вртоглавиот пад на сите слични рангирања на слободата на медиумите, на 122-то место со 57 поени.

Црна Гора е единствена од државите во регионото што посебно е спомната во Извештајот затоа што забележала пад од 36 на 39 поени, како резултат на се поострата и непријателска официјална реторика кон медиумите и неказнувањето на нападите врз медиумите, вклучувајќи и бомбашки напади на индивидуални новинари и медиумски куќи.

„Премиерот Мило Ѓукановиќ ги зајакна напорите за насочување на фондовите подалеку од медиумите што ја критикуваат неговата влада, што особено е случај со дневниот весник ‘Вијести’“, се вели во извештајот на Фридом хаус.

Според Извештајот за 2014 година, слободата на медиумите на глобално ниво паднала најниско во последните десет години. Падот се должи на назадувањето во неколку држави на Блискиот Исток, проблемите во Турција, Украина и неколку држави од Источна Африка, но и во назадувањето забележано во релативно отворената медиумска средина во САД.

Според Извештајот, само 14 отсто од светското население живее во држави во кои медиумите се оценети како „слободни“. Од друга страна, 44 отсто од населението живее во медиумски средини означени како „неслободни“, а 42 отсто во „делумно слободни“ медиумски средини.
„Слободата на медиумите на глобално ниво се резултат на напорите на владите да обезбедат контрола над пораките и да го казнат гласникот што ја пренесува пораката. Во сите делови на светот, во изминатата година, владите и приватните актери ги напаѓаа новинарите, поставуваа пречки за физички пристап до актуелните настани, ги цензурираа содржините и нарачуваа политички мотивирани отпуштања на новинари“, изјави Карин Карлекар, проектен директор на Извештајот за слободата на медиумите во 2014 година.

Покрај нападите на гласниците што ја пренесуваат пораката, главни негативни трендови наведени во Извештајот се обидите за воспоставување на контрола врз новите медиуми (социјални мрежи, микроблогови, мобилна телефонија); контрола на содржините преку контрола на сопственоста; и целени напади на странските медиуми во неколку држави.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top