download

Синдикатот на новинарите: Законот за бомбите ја загрозува слобода на изразување

на окт 6, 15 • од

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро го осудува предлог-законот поднесен од пратеникот од ДУИ, Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Синдикатот на новинарите: Законот за бомбите ја загрозува слобода на изразување

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро го осудува предлог-законот поднесен од пратеникот од ДУИ, Талат Џафери и пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Крсто Мукоски.

„Без сомнение овој предлог-закон е кршење на членот 16 од Уставот на Република Македонија во кој се наведува дека цензурата е забранета. Предлог-законот недвојбено претставува обид за цензура која е неприфатлива за која било земја која сака да се декларира како демократска. Одредбата во која се предвидува дека „тој што неовластено поседува, обработува и располага на кој било начин со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации, ќе се казни со казна затвор од најмалку четири години“ дополнително ја загрозува кревката слобода на изразување и ќе претставува сериозна закана за работата на новинарите“, се наведува во реакцијата на ССНМ.

ССНМ апелира пратениците да не го изгласаат овој закон и да сторат се што е во нивна можност тој да не помине во собраниските процедури.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top