Slavcho_Dimitrov

Серија атаци врз критичарите на власта: Нападнат активистот Славчо Димитров

на апр 27, 15 • од

На 26 април 2015 година, од страна на непознато лице со качулка, беше нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров. Во само една недела, во Македонија, неколку новинари добија предупредувачки закани, а неколку граѓански активисти беа и физички атакувани на јавни места...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Серија атаци врз критичарите на власта: Нападнат активистот Славчо Димитров

На 26 април 2015 година, од страна на непознато лице со качулка, беше нападнат граѓанскиот активист Славчо Димитров. Во само една недела, во Македонија,  неколку новинари добија предупредувачки закани, а неколку граѓански активисти беа и физички атакувани на јавни места.

За нападот врз него, активистот Славчо Димитров, на свој фејсбук-профил напиша:

„Денеска во 17 часот, на силна дневна светлина, во центарот на градот бев тенденцозно нападнат од непознато лице, очигледно дел од безличната маса на насилието што ја креира со години оваа монструозна власт. Со сигурен чекор, насочен кон мене, громадна фигуретина, покривајќи го лицето и главата со качулка, на само неколку метри движејќи се наспроти мене, ми пренесе „поздрав“ и ми удри силен бокс по шт избега. Жалам што не успеав да злушнам шт изговори откако рече „те поздрави…“ бидејќи р’жеше со здивен адреналин додека на вперуваше тупаницата во моето лице. За среќа, поминав со набиеници на вилицата и крв во устата. За жал, беа загрозени и мојата пријателка и пријател кои во тој момент беа со мене. За жал, јасно е дека нема ниту педа простор во овој град што е веќе безбеден. За жал. Демонстрацијата на насилието стана нивен трофеј. За жал, се зезнале ако мислат дека стравот кој ме тресеше додека црната маска ми го истрауматизира телото ќе биде темел на мојата и на нашата иднина.“

 


Овој коментар е објавен во рамките на проектот „Застапување за слобода на изразување“, поддржан преку Проектот на УСАИД за Граѓанско општество, имплементиран од страна на Фондација Отворено општество – Македонија. Содржината на објавата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите и позициите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на САД.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top