Rusija

Русија – Нов силен удар врз граѓанските активисти

на јул 11, 15 • од

Федералното Собрание на Думата, на 8 јули 2015, стави 12 странски невладини организации на црна листа и го забрани нивното дејствување во Русија. Ваквиот потег претставува сериозна закана за слободата на изразување и слободата на здружување...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Русија – Нов силен удар врз граѓанските активисти

Федералното Собрание на Думата, на 8 јули 2015, стави 12 странски невладини организации на црна листа и го забрани нивното дејствување во Русија. Новиот закон уште повеќе ја ограничува работата на граѓанските организации во Русија.

Руските закони против граѓанските организации драматично се заоструваат. Пред три години беа донесени таканаречените „закони за агенти“ и со нив организациите кои добиваат пари од странство беа жигосани како „шпиони“.

Сега, невладините организации од странство, се третираат како закана за општествениот поредок и безбедност на Русија. Со вакво образложение, на 8 јули, 12 невладини организации се ставени на црната листа, колоквијално наречена „патриотска стоп-листа“. На неа, меѓу другите, се наоѓааат Фондот на Чарлс Стјуарт Мот, фондот „Образование за демократија“, Фондот на Сорос, Фондот Мекартур, Freedom House, Националниот фонд за демократија, Меѓународниот републикански институт, Националниот демократски институт. На списокот има две полски и две украински организации, како на пример, „Источниот европски демократски центар“, со седиште во Варшава и „Украинскиот светски конгрес“.

Првите реакции на некои од организациите од списокот беа дека тие жалат за таквите мерки, дотолку повеќе што повеќето од нив не се ниту финансирани од државни пари, туку се работи за приватни фондации.

Граѓанските ативисти во Македонија, вклучително и НВО Инфоцентарот, сметаат дека ваквиот потег на Русија, претставува сериозна закана за слободата на изразување и слободата на здружување во оваа држава, но и продолжување на негативниот тренд на напади врз граѓанските активисти и во други европски држави.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top