11334191_10152741969567583_2261659142648561104_o

Регионална конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици”

на јун 2, 15 • од

Центарот за развој на медиуми организира регионална конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици“, која ќе се одржи на 3 јуни 2015 година (среда), во хотелот „Холидеј ин”, сала Милениум 2,во Скопје, од 10 до 18 часот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Регионална конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици”

Центарот за развој на медиуми организира регионална конференција „Медиумите и јавниот интерес – ризици и предизвици“, која ќе се одржи на 3 јуни 2015 година (среда), во хотелот „Холидеј ин”, сала Милениум 2,во Скопје, од 10 до 18 часот.

Конференцијата е посветена на повеќе прашања поврзани со медиумите и нивниот однос кон јавниот интерес. Посебен акцент во дискусијата ќе биде ставен на тоа, како врз работата на медиумите и слободата на информирање, влијае се поприсутниот тренд на авторитарни форми на владеење во земјите од регионот, на значењето на истражувачкото новинарство во еден ваков општествен амбиент, но и на начинот на кој медиумите ги третираат и треба да ги третираат различните оштествени групи и заедници.

На Конференцијата, во четири засебни сесии, ќе говорат бројни гости од академската и медиумската заедница во регионот (Унгарија, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина) и во земјава, како и претставници на меѓународни организации (Совет на Европа).

АГЕНДА
09:30 -10:00 Регистрација на учесниците
10:00 – 10:15 Отворање

 

10:15 – 11:45

 Прва сесија: Медиумите и јавниот интерес

(Медиумите и заштитата и промоцијата на јавниот интерес; јавниот интерес: јавните сервиси наспроти комерцијалните медиуми; новинарството, публиката и јавниот интерес)

Модератор: Зоран Бојаровски, новинар

Панелисти:

Гордана Виловиќ, професорка, Факултет за политички науки, Загреб, Хрватска

Мартина Силвестри, Проект за промоција на слободата на изразување и информирање и слободата на медиумите во Југоисточна Европа (ЈИЕ) на Советот на Европа

Дејан Донев, вонреден професор, Институт за медиуми и развој на демократијата, Скопје, Македонија

11:45 – 12:00 Пауза

 

12:00 – 13:30

Втора сесија: Медиумите, јавниот интерес и авторитарното владеење

(Ефектите од политичкиот и економскиот притисок врз медиумите и јавниот интерес во земјите од регионот со тенденција кон авторитарно владеење и заштитата на слободата на информирање во ваков општествен амбиент)

Модератор: Петрит Сарачини, Македонски институт за медиуми, Скопје

Панелисти:

Герго Салинг, Центар за истражувачко новинарство „Direct36“, Будимпешта, Унгарија

Јелена Васиќ, Мрежа за истражување на криминал и корупција, КРИК, Белград, Србија

Боро Контиќ,директор на Медија Центар, Сараево, Босна и Херцеговина

Мухамед Зекири,директор на информативна редакција, АЛСАТ-М,Скопје, Македонија

13:30 – 14:30 Ручек

 

14:30 – 16:00

Трета сесија: Медиумите, различностите и јавниот интерес

(Како медиумите во своето известување ги вклучуваат прашањата поврзани со различните општествени групи и заедници – етнички, религиски, сексуални, родови, лица со попреченост, социјален статус и др.)

Модератор: Уранија Пировска, извршна директорка, Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија

Панелисти:

Боро Контиќ,директор на Медија Центар, Сараево, Босна и Херцеговина

Данка Дерифај, членка на управен одбор на Хрватското новинарско здружение, Загреб, Хрватска

Славчо Димитров, аналитичар, Коaлиција „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“, Македонија

Зоран Бојаровски, новинар

16:00 – 16:15 Пауза

 

16:15 – 17:45

Четврта сесија: Истражувачкото новинарство и јавниот интерес  (Истражувачкото новинарство и заштитата на јавниот интерес, соработката меѓу истражувачките новинари од регионот заради растечките трендови на прекугранични инвестиции во медиумите, корпоративната сопственост на медиумите и др.)

Модератор: Саше Димовски, слободенновинар

Панелисти:  

Герго Салинг, Центар за истражувачко новинарство „Direct36“, Будимпешта, Унгарија

Данка Дерифај, членка на управен одбор на Хрватското новинарско здружение, Загреб, Хрватска

Мери Јордановска, истражувачка новинарка, БИРН Македонија

Сашка Цветковска, истражувачка новинарка, НоваТВ.мк, Македонија

17:45 – 18:00 Завршна сесија

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top