НВО Инфоцентарот во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржаан од Олоф Палме Центар, на 21 и 26 јуни, во Теарце и Крива Паланка, реализираше две работилници со активистите на граѓанските организации: ЦЕД, Скаут, Спектар, Цик-цак и Норгес Вел.
На работилницата во Теарце се ддефинираа проблеми и се креираа активности кои ќе го поттикнат граѓанското учество на локално ниво, а на работилницата во Крива Паланка се дискутираше за комуникациските вештини и алатките за пристап и мобилизација на различни групи граѓани на локално ниво. Во дискусијата ни се приклучи и градоначалникот на Крива Паланка, поранешниот граѓански активист, Борјанчо Мицевски.