НВО Инфоцентарот во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Олоф Палме Центар, на 26 септември, во Ростуше, одржа работилница со активистите на граѓанските организации ЗЕУКС ТРИТОН и Рекански бисер.
На работилницата, младите активисти со помош на специјалистката за финансии Јасна Дуриданска навлегоа во светот на доброто финансиско работење и буџетирање.