1

Работилница за ефектот на јавните пари во приватните медиуми

на ное 27, 19 • од

Речиси сите учесници на работилницата се согласија дека платено политичко рекламирање од буџетски средства ја поттикнува корупцијата и дека треба да се укине, како и дека треба да се укине и јавното финансирање приватни медиуми...
Pin It

Home » Активности » Работилница за ефектот на јавните пари во приватните медиуми

Петнаесет претставници од десетина медиумски организации и институции (ЗНМ, ЦРМ, МИМ, БИРН, Метаморфозис, Совет за етика во медиуми, ССНМ, ИРЛ, АВМУ, Инбокс 7), во организација на НВО Инфоцентарот и Транспарентност Македонија, денеска дискутираа за финансирањето на медиумите од јавни средства, за опасностите од корупција и самокорупција на медиумите, како и за начините/ механизмите за поддршка на медиумите, но и минимизирање на ризиците од влијание на власта, политичките партии и центрите на моќ врз новинарите и медиумите на национално и локално ниво.

Половина милион евра од 43 општини ќе се слеат во медиумите во 2019

Драган Секуловски ги претстави резултатите од истражувањето на ЗНМ за финансирањето на локалните медиуми од страна на локалните власти, како и сумите кои се потрошени од буџетот на државата за платеното политичко рекламирање на политичките партии за време на годинешните претседателски избори.
Според Секуловски, до крајот на годината 43 општини во државава планираат да потрошат речиси половина милион евра за рекламирање во медиумите. Најголем буџет за новинари и медиуми планира да потроши општина Битола и тоа во висина од околу 55.000 евра.
Општините најчесто им исплатуваат средства на медиумите врз основа на договор за месечни услуги, претплата за весници, откуп за простор за рекламирање, договор за учество на манифестации, маркетинг услуги, објава на огласи и соопштенија, годишни договори со телевизии, договор за објавување честитки и др. Најчесто, прдвидените средства се наменети за локалните телевизии.

Медиумите за претседателските избори кеширале речиси 4 милиони евра од буџетот

Секуловски ги презентираше и сумите доделени на медиумите од буџетот на државата врз основа на партиските кампањи. Речиси 4 милиони евра се слеале на сметките на 98 медиуми. Најмногу се офајдиле националните телевизии и тоа, во прв ред Сител. Анализата на ЗНМ покажува дека сериозни средства добиле и порталите, при што е евидентно дека „онлајн медиумите се предмет на политичка корупција, каде секој ги финансира своите“ .

Фирми со најголеми тендери – најголеми финансиери на регионалните телевизии

Маја Јовановска, претстави дел од истражувачките сознанија на ИРЛ за тоа колкави средства биле потрошени за кампањи на Владата во периодот 2005 – 2018 година, кои е најплатените рекламни агенции, како и и кои фирми во периодот 2015 – 2018 година, добиле најголеми тендери и притоа се јавуваат и како најголеми финансиери на регионалните телевизии.
Според Јовановска, најголеми тендери добиле фирмите Гранит (63 милиони евра), Рапид билд (48 милиони евра), Бетон (43.8 милиони евера) и Бауер (42 милиони евра). Три од овие фирми се јавуваат како најголеми финансиери на регионалните телевизии: Гранит (1,4 милиони евра), Бауер (1,3 милиони евра) и Бетон (1,1 милиони евра).

Речиси сите учесници на работилницата се согласија дека платено политичко рекламирање од буџетски средства ја поттикнува корупцијата и дека треба да се укине, како и дека треба да се укине и јавното финансирање приватни медиуми.

Едновремено се дискутираше за можностите и начините за поддршка на медиумите, во насока на поттикнување на демократскиот плуралистички амбиент и подобрување на квалитетот и разновидноста на медиумските содржини со посебен фокус на локалните медиуми.

Според повеќето од учесниците, државата може да креира фонд за поддршка на медиумите, но притоа мора да постојат јасни и стоги критериуми, кој и што е ќе се финансира, и секако, одлучувањето да биде во рацете на независно тело, а не на претставници од власта и политичките партии.

Оваа работилница се организираше во рамки на проектот „Граѓанските организации и медиумите против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top