Дисквалификација на средношколците и студентите!
Провладините медиуми, во континуитет, се однесуваат како продолжена пропагандистичка рака на власта и им нанесуваат штета на граѓаните и на јавниот интерес во државата. Наместо професионално да информираат за актуелните настани, како на пример, за средношколските протести и бојкот, а претходно и за масовните студентски протести, овие медиуми како мегафони ги повторуваат и нагласуваат ставовите на актуелната власт и паушално, без аргументи ги напаѓаат, заплашуваат и дисквалификуваат граѓаните и нивните барања.
Без какви било факти и докази, провладините медиуми, заедно со власта, водат континуирана хајка против средношколците и студентите и со тоа, сериозно го загрозуваат нивното право на слободно здружување, слободно протестирање и слободно изразување.
Средношколците, студентите, професорите и родителите, според ове медуми, се политички злоупотребени од страна на опозицијата и на Фондацијата Отворено општество Македонија, а неретко може да се слушне и тврдењето дека се тие нивни „платеници“.
За непрофесионалноста, но и за улогата на „пропагандистички мегафон на власта“ сведочат бројни секојдневни новинарски написи и прилози како во Курир, Република, Вечер, Дневник, Нова Македонија, така во Сител, Канал 5, Алфа, МРТ.
Прилозите се еднострани, претставниците на власта се постојано застапени со своите ставови и изјави, а граѓаните, во случајов, средношколците и стидентите никаде ги нема. За нив, новинарите зборуваат со интонација, јазик и стил недозволени за професионалци односно со реторика на заплашување, клеветење, дисквалификација и етикетирање без притоа да бидат наведени какви било факти и аргументи .
Текст на порталот Курир: „Разобличен Наставничкиот пленум- политички мотивирани лица кои наштетуваат на ученици“ (7 април 2015)
Видео прилог во вестите на Канал 5: „Владата со конечен став-средношколците на бојкот“(1 мај 2015)