На 28 јануари 2016 година, жените од Шуто Оризари организираа протестен перформанс и на таков начин го изразија своето незадоволство од Министерството за здравство кои се уште не им обезбедува матичен гинеколог на над 8000 жени од оваа општина.
Граѓанската иницијатива на жените од Шуто оризарви во своето обраќање до надлеѓното министерсво и до јавноста вели:
„По серијата наши барања и средби со институциите, како и низата ветувања добиени од страна на ресорното Министерство за здравство, ве информираме дека жените во Шуто Оризари, сепак не добија матичен гинеколог. Времените мерки, воведени во 2014, а ревидирани во ноември 2015 според кои беше предвидено еднаш неделно да доаѓа гинеколог , а од неодамна три пати, се покажаа како неефективни и незадоволителни. Предизвиците со кои се соочуваат жените во репродуктивен период од општината се огромни. Непостоењето матичен гинеколог повлекува и лоша здравствена заштита, немање пристап до редовни, навремени и неопходни прегледи и услуги, сериозно го ставаат под ризик здравјето на жените, но и на мајките и бебињата.
Затоа бараме одговори, но и одговорност и мерки имплементирани во пракса од Министерот за здравство, но и градоначалникот на општина Шуто Оризари. Отворено прашуваме:
• Кои се следните чекори и што ќе се преземе доколку не се пријави матичен гинеколог до крај на јануари и покрај најавената финансиска стимулација?
• Кога општината ќе го исполни своето ветување да учествува со финансиски средства со цел дополнително да стимулира отворање на ординација на матичен гинеколог во Шуто Оризари?
• Како ќе се реши проблемот со недоволниот број на патронажни сестри кои требаше да ги посетат жените Ромки барем двапати во текот на бременоста, кога резултатите од терен покажуваат дека само 5,6% ја добиле оваа услуга, и тоа само еднаш?
• Кои се механизмите и на кој начин ќе се обезбеди реализацијата на бесплатни гинеколошки и микробиолошки прегледи, како и бесплатно породување, без разлика на имањето здравствено осигурување, за бремените жени?
Конечно прашуваме: Што ќе направи министерот за 2016 година за сите најавени мерки од хартија и од прес да ги добиеме и во реалноста?
Многу ветувања, сè уште никаков ефект!
Жените чекаат, Шуто Оризари е сè уште без матичен гинеколог!“