748d9912a4ce4f390222af6b

Промовиран првиот периодичен извештај во работата на АВМУ и АЕК во рамки на проектот PROformance Watch II

на ное 29, 18 • од

Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска го презентираа првиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“...
Pin It

Home » Активности, Анализи » Промовиран првиот периодичен извештај во работата на АВМУ и АЕК во рамки на проектот PROformance Watch II

Евротинк – Центарот за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права, денеска го презентираа првиот периодичен мониторинг извештај за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch II“.

Во првиот периодичен мониторинг извештај за работата на АЕК и АВМУ (јуни – септември 2018) се објавени податоците за транспарентноста и отчетноста на двете регулаторни тела: Агенцијата за електронски комуникации и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

46985251_10156852895236449_6027494525532897280_oНа презентацијата за АВМУ беше посочено дека Стратегијата за развој на аудио и аудиовизуелната дејност 2018-2022, иако, беше најавена како приоритетна активност, се’ уште не е изготвена. Собраниската комисија за транспорт не го усвои заклучокот со кој се предлага да се усвои годишниот извештај за работата на АВМУ за 2017 година. На интернет-страницата на АВМУ се објавени трошоците на директорот, кој потрошил помалку во споредба со претходниот извештај. Мониторингот препорача да продолжи практиката за објавување на известувањата за склучени договори за јавни набавки.

„Она што можеше да се забележи е дека на интернет-страницата на АВМУ, во периодот опфатен со овој извештај, недостигаа известувањата за склучените договори за јавни набавки во тековната година. По нашето укажување, Агенцијата ја прифати препораката да продолжи со добрата практика на објавување на склучените договори од претходните години и во меѓувреме, ги објави сите известувања за 2018 година“, посочи Марјан Степановски од Евротинк.

Законските измени со кои е опфатена АВМУ, а кои беа доставени до Собранието во втората половина на февруари годинава, сè уште не се донесени. Одолговлекувањето на донесувањето на законските измени ги „замрзна“ реформските процеси во медиумската сфера, а Агенцијата  ја стави во „лимбо“ позиција на исчекување на претстојните промени.

Мрежата за медиумска писменост е добар пример за тоа како АВМУ може и треба да игра проактивна улога за теми од поширок јавен интерес, но и за тоа како може да биде отворена за соработка и да ги вклучува сите релевантни и засегнати страни.

Што се однесува до АЕК, во поглед на транспарентноста, регулаторот сеуште не ги објави биографиите на директорот и членовите, а бројот на вработени лица не е ист со бројот на вработени објавен на интернет-страницата на ова регулаторно тело. Се уште не е воведен бројот 112 за итни случаи и покрај препораките на Европската Комисија. Шеста година по ред Европската комисија ја нотира загриженоста за проблематичното трошење средства од буџетот на АЕК за политички цели.

Во овој квартал АЕК објави и извештај за испитување на јавното мислење за резиденцијални корисници. Анкетата беше спроведена на територијата на Република Македонија, на репрезентативен примерок од 1.100 испитаници.

Според извештајот иако 60% од испитаниците се свесни за постоењето на АЕК, речиси 70% од граѓаните немаат информации за начинот на постапка за поднесување барање за решавање спор до АЕК.

АЕК во овој квартал донесе измени на Финансискиот план за 2018 година согласно кои се распределени дополнителни средства од над 125 милиони денари, кои се останати како вишок од претходни години, со што вкупните планирани расходи за 2018 година изнесуваат 601.830.193 денари.

„Околу 70% од дополнителните средства односно над 87 милиони денари се прераспределени за изградбата на антенскиот систем за контрола и мониторинг. Со тоа вкупната предвидена сума за изградбата на антенскиот систем на Водно за 2018 година изнесува околу 240 милиони денари“, истакна Горан Лазаров од Евротинк.

Покрај претставниците на организациите на проектниот тим, на настанот говореа и Емилија Јаневска, раководителка на Секторот за програмски работи во АВМУ, Ана Малцева, советничка за правни работи во кабинетот на Министерот во МИОА и Игор Бојаџиев, советник на директорот за радиокомуникации и контрола и мониторинг на радиофреквенции во АЕК кои се осврнаа на најновите измени на Директивата на ЕУ за аудиовизуелните медиумски сервиси, националниот оперативен план за широкопојасен интернет како и улогата и предизвиците на агенциите во рамки на заложбите за заеднички дигитален пазар и дигиталната агенда на ЕУ.

Проектот PROformance Watch II се спроведува со финансиска поддршка на Амбасадата на Велика Британија во Македонија.

Целиот извештај можете да го прочитате на следниов линк.

Инфографици:

Infografik_AVMU_01

Infografik_AEK_01

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top