Прирачникот првенствено е наменет за радиодифузерите и новите медиуми односно за менаџерите, уредниците, новинарите и фоторепортерите во овие медиуми. ЦРМ ја објави оваа публикација поаѓајќи од потребата медиумите и медиумските работници подетално да се запознаат со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржините кои ги подготвуваат и емитуваат, а кои произлегуваат од промените на законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумската сфера и во електронските комуникации.
Авторите на Прирачникот: д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовка, д-р Ненад Гавриловиќ и д-р Неда Здравева, истакнуваат дека неговата намена е даим даде на медиумските работници, основни информации за авторското и сродните права, да ги објасни поимите во оваа област и начинот на кој авторското право и сродните права се уредени во Република Македонија. Исто така, тие нагласуваат дека овој прирачник не е замена за правен совет. Авторското право и сродните права се сложена правна материја, а ситуациите кои може да настанат се разновидни. Затоа секогаш се препорачува во конкретни ситуации, особено при склучување договори, да се консултира стручњак од оваа област.
Прирачникот може да се најде и во електронска верзија на интернет страницата на Центарот за развој на медиуми, www.mdc.org.mk .