1

Проектен форум со граѓаните и општинската власт во Крива Паланка

на окт 29, 19 • од

НВО Инфоцентар, Спектар и Општина Крива Паланка, на 29 октомври, организираа проектен форум со граѓаните на Крива Паланка...
Pin It

Home » Активности » Проектен форум со граѓаните и општинската власт во Крива Паланка

НВО Инфоцентар, РЦС Спектар и Општина Крива Паланка, на 29 октомври, организираа проектен форум со граѓаните на Крива Паланка.

Форумот имаше за цел преку партиципативно граѓанско учество да се избере најприоритетниот проект со кој општина Крива Паланка ќе аплицира за изработка на проектна документација, во рамки на отворениот повик на проектот „Градење на општинските капацитети за спроведување проекти“, поддржан од Шведската агенција за меѓународен развој (СИДА) и УНДП.

Четириесетина граѓани, претставници на јавните претпријатија, општината, бизнис заедницата и граѓанските прганизации, идентификуваа 22 приоритети во три области: Комунална, транспортна и бизнис инфраструктура; Социјална инфраструктура и Инфраструктура поврзана со животната средина, климатските промени и водата.

Најмногу предлози, вкупно седум, имаше за изработка на проектна документација за изградба на спортско-рекреативен центар на туристичкиот локалитет Калин Камен, кој според форумската одлука, треба да биде потврден од општинскиот совет.

Останатите граѓански предлози, идентификувани на проектниот форум, ќе се најдат на листата на општински приоритети,кои би требало да бидат планирани во буџетските програми во следниот периос. Овие предлози се од особена важност за општината, бидејќи се утврдени преку пошироко партиципативно учество на граѓаните во процесот на носење одлуки на локално ниво.

Овој форум се организираше во рамки на проектот „Активни граѓани и партиципативна демократија на локално ниво“, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top