Euclig network

Проект за размена меѓу граѓански организации од Велика Британија и Македонија

на јул 14, 14 • од

Во среда, 16 јули, во хотелот Александар Палас во Скопје, од 11.30 до 13 часот ќе се одржи промоцијата на Проектот за размена помеѓу граѓанските организации од Велика Британија и Македонија  (Civil Society Peer Exchanges)...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Проект за размена меѓу граѓански организации од Велика Британија и Македонија

Проектот The Civil Society Peer Exchanges, кој го имплементираат ЕУКЛИД Мрежата на социјални иноватори од Велика Британија и Центарот за институционален развој ЦИРа од Македонија, а е финансиран од Британската амбасада во Скопје, ќе создаде поврзаност помеѓу граѓанските организации кои се фокусирани кон заштитата на човековите права, застапување и креирање на политики, транспарентност и отчетност, како и економски можности. Проектот ќе овозможи директна и трајна корист за британското и македонското граѓанско општество преку споделување на најдобрите практики и знаење помеѓу воспоставување на соработка помеѓу Британските и Македонските граѓански организации.

Проектот е структуриран во пет главни делови:

  • Натпревар за решавање на 3 клучни предизвици: македонските граѓански организации ќе имаат можност да аплицираат за преку поднесување на предлог – идеја за решавање на еден клучен предизвик од следниве области: лобирање, застапување и креирање на политики, финансиска одржливост и транспарентност и отчетност.
  • Размена помеѓу организации од В. Британија и Македонија: Врз основа на дефинираните критериуми за натпреварување, 9 граѓански организации од Македонија (3 за секој предизвик) ќе бидат избрани и поврзани со граѓански организации од Велика Британија да ја развијат својата идеја во пилот иновативна иницијатива.
  • Напредни обуки: Проектот ќе понуди 4 напредни обуки воМакедонија, од кои 3 ќе бидат фокусирани на клучните предизвици – застапување и креирање на политики, финансиска одржливост и транспарентност и отчетност; Четвртата обука ќе биде фокусирана кон социјалната иновација и социјалното претприемништво.
  • Онлајн Платформа: поради потребата од постојана поддршка за британските и македонските граѓански организации, ќе се креира онлајн платформа за граѓанските организации и останатите засегнати страни (креирачи на политика, индустрија, медиуми) и на тој начин ќе се олесни размената и взаемната соработка.
  • Прирачник со најдобри практики:Преку директна повратна информација од граѓанските организации вклучени во проектот, како и разменетите студии на случаи од Велика Британија и Македонија, ќе развиеме прирачник со најдобри практики вклучувајќи ги и препораките и практичните совети за влијателно граѓанско учество, активизам и демократија.

Агендата за настанот 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top