pr1

Прирачник за односи со јавноста: Општина отворена за граѓаните

на дек 30, 10 • од

Џебен водич за односи со јавноста на општините, кој на кус, едноставен и разбирлив начин ги дефинира односите со јавноста и ги објаснува суштинските елементи на внатрешната комуникација, комуникацијата со медиумите, организирањето настани, кризната комуникација и планирањето на односите со јавноста...
Pin It

Home » Публикации » Прирачник за односи со јавноста: Општина отворена за граѓаните

Како финална активност на проектот„Односи со јавноста за транспарентна локална самоуправа“, НВО Инфоцентарот го подготви овој Џебен водич за односи со јавноста на општините, кој на кус, едноставен и разбирлив начин ги дефинира односите со јавноста и ги објаснува суштинските елементи на внатрешната комуникација, комуникацијата со медиумите, организирањето настани, кризната комуникација и планирањето на односите со јавноста.

Овој водич не е наменет само за лицата задолжени за односи со јавноста во општините, туку има за цел да биде ефикасна алатка за сите локални функционери и општински службеници кои мора и треба преку комуникација да им ја доближат општината на граѓаните.

Иако има амбициозна цел, сепак, овој водич не е учебник , туку практична збирка на најосновните и најсуштинските елементи на односите со јавностаи претставува само вовед во односите со јавноста и нивната суштина.

Со цел да им ги доближи односите со јавноста на општините во Македонија и да го поддржи процесот на комуникација меѓу локалните власти и граѓаните,  НВО Инфоцентарот, со финансиска поддршка на Balkan Trust for Democracy, во текот на 2010 година, го реализираше проектот „Односи со јавноста за транспарентна локална самоуправа“. Во рамките  на овој проект, НВО Инфоцентарот, за потребите на дваесетичетири општини реализираше две тренинг сесии за примена на Етичкиот кодекс за локалните функционери и за односи со јавноста, а со три пилот-општини (Штип, Виница и Кочани) официјално го започна процесот на креирање стратегии за односи со јавноста кои ќе бидат финализирани во 2011 година. Со овие пилот општини, НВО Инфоцентарот изработи годишни програми за комуникација со граѓаните за 2011 година, кои треба до бидат усвоени од општинските совети, а на општина Велес и помогна да го подобри текстот на Годишната програма за комуникација, кој е веќе усвоен од страна на Советот на општината. Во текот на 2011 година, покарј Штип, Виница и Кочани, свои стратегии за односи со јавноста ќе добијат и општините Велес и Струмица.

Прирачник за односи со јавноста

издавач: НВО Инфоцентар

автори: Билјана Бејкова и Елена Симоноска

ISBN 976-608-4594-05-5

COBIS.MK-TD 86369034

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top