images

Прирачник за авторско и сродни права за електронски медиуми

на дек 10, 14 • од

Во организација на Центарот за развој на медиуми (ЦРМ), утре, 11 декември, во Клубот на новинарите ќе се одржи промоцијата на Прирачникот за авторското право и сродните права за електронските медиуми. настанот ќе започне во 12 часот...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Прирачник за авторско и сродни права за електронски медиуми

Авторите,д-р Ненад Гавриловиќ и д-р Неда Здравева, ќе го претстават второто издание на Прирачникот за авторското право и сродните права наменето за радиодифузерите и новите медиуми односно за менаџерите, уредниците, новинарите, фоторепортерите во овие медиуми.

Прирачникот поаѓа од потребата медиумите и медиумските работници подетално да се запознаат со правата и обврските што ги имаат во поглед на содржините кои ги подготвуваат и емитуваат, а кои произлегуваат од промените на законодавството во областа на авторското право и сродните права, во медиумската сфера и во електронските комуникации.

Имајќи го предвид значењето на почитувањето на авторското право и сродните права во креирањето и објавувањето содржини во медиумите, се надеваме дека ќе присуствувате на оваа промоција и ќе го земете својот примерок од Прирачникот.

Подготовката на овој прирачник е поддржана од проектот наУСАИД за одговорни медиуми и законодавни реформи во медиумската сфера и од Фондацијата Отворено општество Македонија.  

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top