Граѓански активатор

Прирачник и работилници – Граѓански активатор

на јун 9, 14 • од

Плоштад Слобода, во рамките на проектот „Граѓански активарот“ подготви и издаде „Прирачник за граѓанско делување“. Прирачникот, низ работилници за активистичкото делување, ќе биде промовиран во неколку градови низ Македонија...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Прирачник и работилници – Граѓански активатор

„Прирачникот за граѓанско делување“ е дел од проектот на Плоштад Слобода „Граѓански активатор“ поддржан од Фондацијата Oтворено општество – Македонија. Проектот има за цел да ги поврзе граѓанските организации кои сакаат да го применат активистичкиот пристап, да креира регионални јадра, да воспостави силни врски и да ја иницира/ зајакне меѓусебната поддршка и солидарност на граѓанските организации и активистите.

Промоциите ќе се одржат во:

  • Кавадарци на 10.06. 2014 (понеделник), во 18 часот, во просториите на „Мојот град“
  • Гевгелија на 11.06. 2014 (вторник), во 18 часот, во просториите на Регионалениот центар за одржлив развој
  • Прилеп на 12.06. 2014 (четврток), во 18 часот, во просториите на организацијата ПАКТИС

Работилниците ќе се одржат на истите локации, но со почеток во 12 часот.

Учесниците на работилниците ќе се запознаат со темите: кои се предностите, придобивките и рестрикциите на активистичкото делување, како да разликуваме теми и проблеми и кому сé треба да се обратиме. Потоа ќе се образложи и правната рамка за активистичко делување како и основните логистички знаења и вештини кои еден активист треба да ги има. Во последниот дел од работилницата ќе се детектираат локални проблеми(во местото каде се одржува работилницата) и ќе се креира генерална рамка за евентуално активистичко делување по проблемот.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top