Sredba 4

Приоритетите на граѓаните на општина Центар претставени на кандидатите на Локалните избори 2021

на окт 13, 21 • од

НВО Инфоцентарот, на средба што се одржа вчера, 12 октомври 2021 година, во Хотел „Солун“ во Скопје, им ги претстави на кандидатите за градоначалници и носителите на листи за Советот на општина Центар приоритетните прашања и задачи со кои треба да се справи идната локална власт. Учесниците што се натпреваруваат на претстојните Локални избори во [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Приоритетите на граѓаните на општина Центар претставени на кандидатите на Локалните избори 2021

НВО Инфоцентарот, на средба што се одржа вчера, 12 октомври 2021 година, во Хотел „Солун“ во Скопје, им ги претстави на кандидатите за градоначалници и носителите на листи за Советот на општина Центар приоритетните прашања и задачи со кои треба да се справи идната локална власт.

Учесниците што се натпреваруваат на претстојните Локални избори во општина Центар, се согласија дека приоритетите што пред нив ги поставуваат граѓаните –подобрување на состојбите на локално ниво во областа на урбанизмот, животната средина, инфраструктурата, квалитетот на комуналните услуги и транспарентноста и отчетноста на локалната администрација и комуникацијата со граѓаните – се од клучно значење.

Во жива дискусија, тие ги потврдија намерите да се зафатат со приоритетите поставени од граѓаните, со додавка дека најголемиот број од приоритетните задачи веќе се дел од нивните изборни програми.

Sredba 5 Sredba 2

 

Во рамките на проектот „Форум за граѓански дијалог“ што НВО Инфоцентарот, во соработка со девет други организации, го спроведува во девет општини во Северна Македонија, а во пресрет на Локалните избори, беа спроведени активности за мапирање на мислењата и ставовите на граѓаните за клучните проблеми и приоритети во нивните локални заедници. НВО Инфоцентарот организираше две консултативни средби со граѓани на општината Центар, како и онлајн прашалник на кој одговорија повеќе од 100 граѓани.

Целта на проектот „Форум за граѓански дијалог“, помогнат од Меѓународниот центар „Олоф Палме“ од Шведска, е да го поттикне учеството на граѓаните во јавната дискусија за приоритетите, проблемите и потребите во девет општини (Центар, Битола, Кавадарци, Тетово, Струга, Штип, Свети Николе, Крива Паланка, Демир Хисар. Проектот го спроведуваат шест партнерски организации – НВО Инфоцентар, Младински културен центар – Битола, Центар на заедницата на општина Струга, Гласен Текстилец, Мултикултура и Идеа ЈИЕ – во соработка со уште три граѓански организации – Спектар, Граѓанска иницијатива на жени од Свети Николе и Центар за развој на медиуми.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top