black

Приклучете се кон групната претставка до Уставниот суд за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

на мар 24, 15 • од

Платформата за граѓанска политика АЈДЕ! започна акција за собирање потписи од граѓаните, за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување. Секој полнолетен граѓанин може да се приклучи...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Приклучете се кон групната претставка до Уставниот суд за оспорување на уставноста на законите за хонорарци

Платформата за граѓанска политика  АЈДЕ!  започна акција за собирање потписи од граѓаните, за оспорување на уставноста на пакетот закони со кои на хонорарците им се наметнува обврската за плаќање придонеси за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување.

11069260_891813187544900_3587651991045481763_nИницијативата е подготвена во консултативен процес со граѓанските и еснафските здруженија и со неа се бара Уставниот суд да донесе времена мерка за стопирање на примената на законите, одржување јавна расправа во Судот и конечно, поништување на спорните закони. Текстот на иницијативата е достапен во ПДФ-формат на интернет адресата
http://docdroid.net/vcsh .

Со пакетот неуставни закони се прекршуваат следниве уставни права и принципи: Владеењето на правото; правото на еднаквост; правото на работа, и забраната за повратно дејство на законите.

Секој полнолетен граѓанин може да се приклучи кон иницијативата преку пополнување формулар на едно од наведените места, секој работен ден од 9 до 16 часот, во периодот од 23 март до 6 април 2015 година:

  • Скопје: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, тел. 02 322 4701;
  • Битола: Младински културен центар – Битола, ул. Цар Самоил 29, тел 047 233 020;
  • Кратово и Крива Паланка: Здружение Регионален центар за одрзлив развој, ул Гоце Делчев 24, тел 031 481 542;
  • Дебар: Центар за одржлив развој на заедницата, ул.Велко Влаховиќ бр.13, тел. 046/835-106;
  • Тетово: Младински образовен форум – Тетово, ул. Јане Сандански 48/1, тел. 078 220 801;
  • Штип: Фондација за развој на локалната заедница, ул. Сремски фронт бб (детска градинка „Сончогледи“, населба „Сењак“), тел. 032 383 116;
  • Прилеп: Здружение центар за стратегии и развој ПАКТИС, ул.Tрајко Сандански А2-1, тел. 078 815 251;
  • Струга: Центар на Заедницата на Општина Струга, ул. „Владо Малески “ б.б. ( зграда на министерство за одбрана), тел. 046 839 112;
  • Делчево: НВО КХАМ, ул. Маршал Тито 69 (стар пожарен дом), тел. 033 413 695;
  • Струмица: Центар на заедницата на општина Струмица ул. Благој Мучето бб, тел. 034 334 117
  • Куманово: Национален ромски центар, ул. Доне Божинов 11/5, тел. 031 427 558;
  • Берово: Здружение за промоција и заштита на прават на ромите – Roma Future, тел. 075 621 267;
  • Кавадарци: Проект ЕУ, тел. 070 236 461;
  • Кичево: НВО Месечина, ул. Маршал Тито 407, тел. 070 726 438;

Доколку не можете да дојдете физички на некое од местата каде што се врши потпишувањето, доволно е:

1. Да ја прочитате иницијативата (http://www.docdroid.net/vcsh)

2. Да го испечатите и пополните формуларот (http://docdroid.net/vfk4) во два примероци и да ги пратите тие два примероци по пошта на адресата: ГЕМ клуб (Менада), Стара скопска чаршија, ул. Караорман бб, 1000 Скопје.

Формуларите со претставките ќе бидат групно поднесени до Уставниот суд на Република Македонија во втората половина на април 2015 година.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top