АЕК нема информации како и според кои критериуми ги доделува донациите, АВМУ има проблем околу политчката/партиска наклонетост на Советот. Ова се само дел од недостатоците при работа нотирани при Вториот квартален извештај за работата на регулаторните тела.
Евротинк – Центар за европски стратегии, НВО Инфоцентар, Транспарентност Македонија и Хелсиншкиот комитет за човекови права го презентираа извештајот за работата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), во рамки на проектот „Мониторинг на ефикасноста, ефективноста, транспарентноста и одговорноста на регулаторните тела за медиумите – PROformance Watch“.
Во однос на транспарентноста и отчетноста во работата на АЕК, се забележуваа следните недостатоци:
- За донациите на АЕК нема информацииза критериумите според кои се доделуваат,подносителите на барања,целта на донацијата,како и за износот на побараните и одобрените средства.
- На интернет-страницата нема информации зараковoдството на АЕК и за членовите на Комисијата.
- На интернет-страницата ги немагодишните планови за јавни набавки за 2016 и 2017
- АЕК доцни со доставувањето на побаранитеинформации од јавен карактер.
- Записниците од јавните состаноцисе многу кратки и општи за прашањата за кои дискутирале членовите на Комисијата.
- АЕК има три интернет-страници што е потенцијално збунувачки за корисниците.
- Главната интернет-страница поредовно се ажурира од претходно.
Во однос на АВМУ извештајот нотира дека:
- Вклучувањето на 24 Вести, Телма и Шења во ставотна Советот, предизвика негативни реакцииво дел од медиумската јавност. Оваа одлука уште еднаш, на површина го исфрли проблемот околу составот на Советот на АВМУ и неговата политичка/партиска наклонетост.
- Постојат разлики во препознавање на говоротна омраза меѓу АВМУ од една страна и Основното јавно обвинителство (ОЈО) и Комисијатаза заштита од дискриминација (КЗД), од друга страна.
- Според АВМУ, судовитене ги почитуваат законските роковии ги одолговлекуваат постапките. Првостепените судови одлучувале за поведување прекршочна постапка во распон од 2 до дури 104 дена.
Целoсен извештај Втор квартален извештај за работата на АВМУ и АЕК