MDC_MK

Предлозите на владејачката партија за реформи во медиумите се неприфатливи

на јан 27, 16 • од

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека предложените законски измени на ВМРО-ДПМНЕ – за составот на уредништвото на МРТ, составот на Советот на Агенцијата, статусот на онлајн-медиумите, или предложениот Закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции - се несериозни и неприфатливи...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Предлозите на владејачката партија за реформи во медиумите се неприфатливи

Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) смета дека предложените законски измени на ВМРО-ДПМНЕ – за составот на уредништвото на МРТ, составот на Советот на Агенцијата, статусот на онлајн-медиумите, или предложениот Закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции – се несериозни и неприфатливи.

ЦРМ останува на ставот дека сите резултати од преговорите што се резултат од Договорот од Пржино и се водат под покровителство и со посредништво на Европската Унија, треба да бидат насочени кон обезбедување на фер, непристрасно и објективно известување на медиумите, а пред сѐ на МРТ, во периодот до и за време на изборите, кога и да се случат тие.

Што се однесува за некои од предложените решенија понудени од ВМРО-ДПМНЕ, ЦРМ го има следниот став:

-          Онлајн медиумите треба, во најлош случај, да ги имаат истите законски обврски што се однесуваат на печатените медиуми, односно обврски кои се однесуваат на транспарентноста на сопственоста и на составот на редакцијата. Предлогот медиуми да бидат само оние информативни интернет страници што се регистрирани како трговски друштва, не само што е обид за игнорирање на новата реалност што појавата на интернет, како лесно достапна, отворена и демократска платформа, ја донесе во медиумскиот сектор, туку и директно е спротивставен на повеќе меѓународни документи, вклучително и на Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.

-          Јавните институции не треба воопшто да имаат можност да купуваат комерцијално рекламно време на електронските медиуми, или простор во печатените и онлајн-медиумите. За неколку прашања, поврзани главно со јавното здравство, јавната безбедност и други прашања од јавен интерес, можат да се спроведат и медиумски промотивни и информативни кампањи, но само во форма на бесплатно емитување од страна на сите медиуми. Продукцијата на таквите информативни кампањи мора да биде предмет на строги критериуми што ќе се однесуваат на исполнувањето на некаков јавен интерес, а сите трошења на јавни фондови за организација на информативните кампањи мора да биде целосно транспарентна.

За сите системски решенија, во МРТ, во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, во правната поставеност на медиумското законодавство, ќе треба да се разговара и таквите реформи да се спроведуваат дури по изборите, преку соодветна јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите заинтересирани страни и сите граѓани на Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top