За демократијата во едно општество е многу поважно да има добро информирани и активни граѓани отколку исполнувањето на правото на глас, учеството во власта, или членувањето во политичките партии.
Оваа анализа ќе тврди дека политичките партии немаат создадено клима за развој и одржување на автентичен граѓански активизам и дека сè уште продолжуваат да го окупираат просторот наменет за граѓански активизам со инсталирање, инструментализирање и дискредитирање на граѓанските иницијативи и движења. Истражувањето особено ќе се посвети на ситуацијата во последниве четири години и ќе разгледа три случаи на граѓански активизам (Прво архитектонското востание од 2009 година, случајот „Мартин Нешковски“ од 2011 година и иницијативата АМАН од 2012-2013 година).
Поради просторната ограниченост, во овој документ нема да го набљудуваме целокупното известување во врска со овие настани, туку ќе се сконцентрираме само на оние случаи каде што целта е конструкција на идентитетот на граѓанските активисти како опозиционери и некој Друг.
За да го преземете целиот документ следете го овој линк.
извор: МЦЕТ