Ниту една организација, без разлика на успехот и репутацијата, не е имуна на кризи! Само еден негативен напис или вест се доволни да го загрозат вашиот имиџ и да ја урнат со години градената репутација. Криза им се случува на сите, а најважно од се – тогаш не смеете да престанете да комуницирате. Пасивноста, молчењето и нетранспарентноста се исклучително погубни за организацијата. Искористете ја кризата во сопствена полза – комуницирајте.
Услуги:
- дефинирање и анализа на состојба
- подготовка на комуникациски план за кризно комуницирање
- дефинирање на комуникациски стратегии кон различни јавности
- обучување на гласноговорник
- подготовка на кризен центар
- подготовка на медиумски известувања во кризни ситуации
- советувања
- лични контакти
- тренинзи за медиумски настап
- подготовка на состаноци, брифинзи, прес-конференции