Односите со јавноста, преку развивањето на разбирање помеѓу различните јавности и институции, придонесуваат комплексното, плуралистичко општество да стигне побрзо до одлуки и да функционира ефикасно. Односите со јавноста ги хармонизираат јавните и приватните политики.
Добриот ПР е невидлив. Преку ненаметливо делување, добриот ПР ги преведува деловните цели во реални, јавно прифатливи политики и обезбедува разбирање во рамките на организацијата и разбирање на организацијата со надворешната јавност.
Односите со јавноста се алатка на најразлични организации, претпријатија, владини и државни институции, фондации, асоцијации, невладини организации, училишта, верски институции….За да ги остварат своите цели, организациите мора да развиваат ефикасна комуникација со најразлични публики и јавности: вработени, членови, клиенти, локална заедница, акционери, конкурентски организации, државни институции…со јавноста воопшто.
ПР Услуги:
Односи со медиуми
Корпоративно комуницирање
Организирање настани
Кризно комуницирање
Внатрешно комуницирање
Прес-клипинг