download

Позитивен извештај на американските ревизори за користењето на фондовите на САД во Македонија

на окт 28, 19 • од

Според наодите на Владината канцеларија за отчетност на САД, УСАИД генерално ги следеле оперативните политики при изборот на примателите на финансиската поддршка и не констатирала никакви неправилности во работењето...
Pin It

Home » Граѓанска сцена » Позитивен извештај на американските ревизори за користењето на фондовите на САД во Македонија

Владината канцеларија за отчетност на Соединетите Американски Држави (ГАО), во октомври, го објави својот детален извештај за користењето на американските владини фондови во Република Северна Македонија.

Овој извештај е подготвен на барање на американските конгресмени и во него се анализира американското финансирање за поддршка на демократијата во Северна Македонија и степенот до кој УСАИД се придржувал до релевантните политики при изборот на примателите на демократската помош во државата.

ГАО ги анализирала податоците и документите на американската влада и интервјуирала американски претставници во Вашингтон и во Скопје.

Според наодите на ГАО, УСАИД генерално ги следеле оперативните политики при изборот на примателите на финансиската поддршка и не констатирала никакви неправилности во работењето.

Во овој извештај се наведува дека финансиската поддршка за Македонија од 1991 година изнесува една милијарда долари.

Целиот извештај може да го најдете на следниов линк.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top