Александар Пандов од движењето ГДОМ, на контрапротестот одржан на 21 април пред Собранието на Република Македонија, побара Уставниот суд времено да ги забрани сите граѓански организации и политички партии: „Како ГДОМ ќе испратиме порака до Уставниот суд времено да ја запре работата на сите граѓански организации и политички партии кои во моментов ја рушат и ја уништуваат Македонија“.
Барањето на Пандов од ГДОМ, Уставниот суд да ги забрани граѓанските организации и партиите не е ништо друго освен фашизам и повик за пресметка со сите неистомисленици на режимот на Никола Груевски. Вакво барање не смее да се изговори, а не пак, да се спроведе. Тоа ги погазува сите европски, демократски и цивилизациски вредности. Тоа претставува директен атак врз слободата на изразување и слободата на здружување. Фашизацијата и путинизацијата на Македонија не смее да се дозволи.
Фото: Плусинфо