Центарот за Меѓукултурен Дијалог 3та година по ред огранизира обука за младински работници, студенти, активисти кои се мотивирани да ги развијат своите вештини во справување со говорот на омраза. Обуката се организира со техничка подршка на ОБСЕ Мисија Скопје, со финансиска подршка на Франскуската Амбасада. Целоснниот повик може да го погледнете тука.
Обуката се организира во три дела:
- Првиот дел се реализира во период од 10ти Септември до 5ти Октомври кој претставува онлајн запознавање на учесниците преку интерактивни активности и истражување на темата во своите локални средини (средини во кои живеат/дејствуваат)
- Вториот дел претставува обука која ќе се одржи од 8.10 – 12.10.2014. На обуката ќе се презентираат истажувањата на учесниците, ќе се одржат работници , предавања на различни теми и ќе се работи на планови за третата фаза.
- Третиот дел претставува организирање на кратки активности на учесниците на обуката во средините во кои работат и делуваат во врска со темата на обуката. По одржувњето на кратките активности ќе се организира еднодневна средба во Скопје за сумирање на сработеното и размислување за идни планови.
Сите заинтересирани можат да се пријават преку потполнување на формулар за учество кој може да го најдете на овој линк:
https://docs.google.com/forms/d/1khcQa6HvjpEl5PyeM-Ay8MStoi1sgd1pM1sOzy0oed4/viewform
Пријавувањето трае до 10 септември 2014 година.