13173753_1156499091069574_1473759556577532280_n

Повик за истражувачки стории

на мај 4, 18 • од

Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН и НВО Инфоцентар објавуваат повик за истражувачки стории во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи “. Во рамките на овој повик најмалку четири новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени на прашањето на евроатланските аспирации во контекст на демократските реформи со компаративна анализа на состојбите во земјите членки и во Македонија...
Pin It

Home » Активности » Повик за истражувачки стории

Центарот за граѓански комуникации и партнерските организации БИРН и НВО Инфоцентар објавуваат повик за истражувачки стории во рамките на ЕУ проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи “.

Во рамките на овој повик најмалку четири новинари ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени на прашањето на евроатланските аспирации во контекст на демократските реформи со компаративна анализа на состојбите во земјите членки и во Македонија.

Тоа подразбира истражување на начинот на кој одредени горливи прашања како што се: борба против корупцијата, транспарентност на институциите, владеење на правото, човековите права, слободата на говор и слично, се решени во земјите членки на ЕУ и можноста за примена на тие искуства во Македонија.

Кандидатот треба да развие и разработи предлог за истражувачка сторија, како и нацрт-буџет за покривање на трошоците најмногу до 1.080 евра во денарска противвредност. Образецот за предлог-истражувањето и за буџетот можете да ги симнете ТУКА.

Избраните кандидати ќе имаат можност да користат ментор којшто ќе им помага во процесот на изготвување на истражувањето. Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачката сторија изнесува најмногу 2 месеци од изборот на најдобрите предлози.

Од кандидатот се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се: документирање на трошоците, контакти и состаноци со менторот, објавување на сторијата во медиум (во којшто апликантот работи или со којшто соработува), како и придржување до новинарските етички и професионални стандарди.

Најдобрите автори на објавените стории ќе бидат наградени и со покривање на трошоците за учество на престижната летна школа на Балканската истражувачка репортерска мрежа која ќе се одржи во последната недела од август 2018 година.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог.

Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари во Македонија без разлика дали се вработени или не.

Кандидатите се обврзани заедно со формуларот за апликација да испратат и нацрт-буџет за трошоците поврзани со изготвувањето на сторијата (патни трошоци – локален транспорт и патување во избраната земја ЕУ членка; комуникациски трошоци; дневници, согласно одредбите на ЕУ со кои треба да се покрие хотелското сместување, оброците и локален транспорт и итн.).

Краен рок за пријавување: 20 мај 2018 година

Апликациите треба да се достават на следната адреса: center@ccc.org.mk со напомена: Повик за истражувачки стории.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top