Coallition-for-Zero-Corruption-malo web

Повик за доделување грантови на граѓански организации за борба против корупцијата 2019

на мај 6, 19 • од

Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 – 2017, објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за 2019 година, за акции поврзани со борбата против корупцијата...
Pin It

Home » Активности » Повик за доделување грантови на граѓански организации за борба против корупцијата 2019

Транспарентност Македонија (ТМ), во соработка со НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“, финансиран од Европската Унија преку програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и слободата на медиумите 2016 – 2017, објавува повик за доделување грантови за граѓански организации (ГО) за 2019 година, за акции поврзани со борбата против корупцијата.

Предвидено е да се доделат пет (5) мали грантови во износ до 6.000 евра по грант (во денарска противвредност од 368.000 денари). Вкупниот износ на повикот изнесува 30.000 евра.

Целта на овој повик е да се обезбеди поддршка на граѓански организации (ГО), кои во соработка со медиумите/новинарите, ќе реализираат активности поврзани со застапувањето за транспарентни и антикорупциски практики на локалните и националните власти; со набљудувањето на услугите и буџетските трошоци на локалните и националните власти, како и со директен активизам против корупцијата.

Од заинтересираните ГО се очекува да поднесат проектни апликации во кои ќе го образложат начинот на дејствување, како и промоцијата на постигнатите резултати. Предложените акции треба да се спроведуваат во соработка со најмалку еден медиум (локален / регионален / национален).

Пријавата потребно е да ги содржи следниве документи:

  1. Образец за пријавување (Прилог 1)
  2. Образец за предлог – буџет (Прилог 2) – Буџетот треба да биде испланиран во рамки на трошоците дозволени во буџетскиот образец.
  3. Копија од решението за регистрација на организацијата издадено од Централен регистер на РМ.
  4. Кратки биографии на клучниот персонал вклучен во реализацијата на проектот.
  5. Меморандум за соработка со медиум или изјава за соработка на медиумот.

Цели на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција“ - Прилог 3

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 31 мај 2019 година.

Симнете го целосниот текст на Повикот за доделување мали грантови на граѓански организации 2019.

Целосните апликации, заедно со придружните документи, треба да се испратат единствено во електронска форма на info@transparency-mk.org.mk (со назнака во Subject: POVIK_02/CSO) и во CC на elena@nvoinfocentar.org.mk, до 31 мај 2019 година.

Поврзани написи

One Response to Повик за доделување грантови на граѓански организации за борба против корупцијата 2019

Scroll to top