debata Bitola

Пописот не им оди во прилог на политичките елити

на јун 10, 14 • од

Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска  тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации [&hellip...
Pin It

Home » Активности » Пописот не им оди во прилог на политичките елити

Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска  тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.

-Ние сме една од малкуте држави која што нема извршено попис. Знаеме каква е политичката ситуација во Босна и Херцеговина, но попис беше спроведен дури и таму. И таму има тензии и тие се исполитизирани, она што всушност  се случува и кај нас. Пописот во Македонија се исполитизира  и се исцрпува со дискусија дека треба да се преброиме само по крвни зрнца, односно колку има Македонци, Албанци, Турци итн. При тоа, забораваме дека во суштина е многу важно пописот да го спроведеме за да можеме да креираме успешни политики во сите области“, рече Билјана Бејкова од НВО Инфоцентар.

Пописот е можност за самоевалуација, да видиме што сме направиле во изминатите 10 години, но и што треба да правиме во иднина. Без елементарни податоци, се доведуваат во прашање сите политики и одлуки, како и резултатите од нив, велат експертите.

-Со немање  на податоци, политиките ги градиме врз основа на претпсотавки и врз основа на претпоставки ќе даваме отчет дали сме биле успешни или не. Тоа за политичарите е големо олеснување, бидејќи за две, пет или десет години, никој не ќе може да тврди колку овие политичари биле успешни и колку паметно инвестирале финансиски средства и ресурси кои што ги немаме, смета Афродита Хаџијаха Имери, експерт за социјална вклученост

Без попис, Македонија како држава го губи угледот, покажува дека е неспосбна да организра сложена статистичка операција и не ги исполнува меѓународните обврски. Исто така стануваме нерелевантни, затоа што немаме компаративни податоци, беше посочен на денешната трибина во Битола „Попис веднаш!“, во организација на четири невладини здруженија.

извор: ТВ Телма

целосен прилог: http://telma.com.mk/vesti/popisot-ne-im-odi-vo-prilog-na-politichkite-eliti

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top