Popis Monitoring na Mediumi_page-0001

Пописот 2021 и известувањето во медиумите – од 5 до 17 септември 2021

на окт 1, 21 • од

Мониторингот на НВО Инфоцентарот за медиумското покривање на Пописот 2021 година во периодот 5-17 септември 2021 година вклучи девет медиуми (четири онлајн портали и пет национални ТВ-станици: Курир.мк, Плусинфо.мк, Фронтлајн.мк, 360 Степени.мк, МРТ1, Сител, Телма, Алфа и Алсат М). Во текот на овој период беа објавени вкупно 174 информативни единици, односно прилози и онлајн написи. [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Мониторинг на Медиуми » Пописот 2021 и известувањето во медиумите – од 5 до 17 септември 2021

Мониторингот на НВО Инфоцентарот за медиумското покривање на Пописот 2021 година во периодот 5-17 септември 2021 година вклучи девет медиуми (четири онлајн портали и пет национални ТВ-станици: Курир.мк, Плусинфо.мк, Фронтлајн.мк, 360 Степени.мк, МРТ1, Сител, Телма, Алфа и Алсат М).

Во текот на овој период беа објавени вкупно 174 информативни единици, односно прилози и онлајн написи. Ова претставува намалување на бројката на медиумски објави за 61.5% споредено со првиот мониторинг период, 15 март – 2 април, 2021.

КЛУЧНИ НАОДИ НА МОНИТОРИНГОТ

– Од електронските медиуми најмногу прилози емитуваше МРТ1 (7.5% од вкупниот број анализирани прилози на сите медиуми), потоа Алсат М (5.8%), Сител (4%) и Телма (4%). Кај онлајн медиумите најмногу написи објавија Фронтлајн (27.6%) и Курир (20.7%), потоа Плусинфо (13.2%) и 360 Степени (12.6%).

– За разлика од првиот периодичен извештај, кога во известувањето доминираа политичко-партиските реакции (60.5%), во овој период, тие опфатија само 17.6% од вкупниот број објавени прилози.

– Медиумите главно известуваа за тоа како се одвива процесот на попишување на населението и кои се најважните информации од терен. Високи 66.8% од вкупниот број анализирани содржини се однесуваа на пописните активности.

– ДЗС се јавува како извор на информации во 77% од прилозите. За споредба, во првиот периодичен извештај, ДЗС како извор на информации беше застапен со само 22%.

– Најголема процентуална застапеност во користењето на ДЗС како извор на информации беше регистриран кај Фронтлајн (26% од сите објави за пописот во кои се цитираат наводите на ДЗС), потоа кај Курир (18.5%) и Плусинфо (13.3%).

– Информациите од ДЗС наметнаа претежно техничко известување и притоа забележливо беше отсуството на подобра контекстуализација и анализа на овие податоци. Ваквиот пристап на медиумите влијае врз квалитетот на информирање на граѓаните.

– Медиумите секојдневно ги објавуваа информациите и уверувањата од државните институции и нивните претставници дека пописот се одвива безбедно и успешно, наспроти хакерските напади и техничките проблеми на ДЗС, најавите за можен бојкот на пописот, како и новот пандемиски бран од КОВИД-19.

– Медиумите со критички однос кон власта постапно оформуваа контра-наративи кон пораките на власта. Тие пренствено се фокусираа на здравствените ризици, техничката подготвеност и стручниот капацитет на институциите за спроведување на пописот. Целта на овие наративи е да се врами изведувањето на пописот кон преовладувачкиот наратив на опозициската реторика за „неспособна власт“.

– Во дел од медиумите, информирањето на јавноста за пописот имаше и етничка димензија. Наративите дека политичките партии на Албанците во државава се поактивни во своите кампањи за попис на припадниците на дијаспората, се рефлектираа и  во известувањето за попишувањето во земјава. Овие наративи беа надополнети, на пример, со пораките за „непочитување на здравствените протоколи при изведување на пописот во средини со мнозинско етничко албанско население“.

– Во медиумите со про-опозициски приод во известувањето беа регистрирани објави за можност пописот да се соочи со масовен бојкот од страна на граѓаните, но и со суптилни пораки дека доколку се случи тоа, граѓаните нема да бидат казнувани, иако, учеството во пописот е законска обврска.

– Информациите за наводен бојкот на пописот, почнаа позасилено да се објавуваат во текот на втората недела од пописот и се повеќе да се шират како опозициски наратив.

II Мониторинг извештај Попис 2021

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top