Мониторинг на медиуми (до 10 ноември 2021)
Вакцинација против Ковид-19
НВО Инфоцентарот, во рамки на проектот „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“, спроведува мониторинг на известувањето на медиумите за процесот на вакцинација. Набљудувањето и анализата на медиумското известување за Ковид-19 имунизацијата се реализира преку агрегаторот на вести – Time.mk, кој опфаќа вкупно 125 медиуми – вести (63), портали (48) и спортски медиуми (14) и тоа, со пребарување според клучни зборови – „вакцинација“, „Филипче“ и „антиваксери“. Основната цел на набљудувањето е да се утврди интензитетот, квалитетот и доминантните наративи во известувањето на медиумите за целокупниот процес на Ковид-19 вакцинацијата во државава. Овој извештај го опфаќа периодот од 1 до 10 ноември, 2021 година.
Клучни наоди
Анализата на медиумското известување во првите десет дена од ноември ги покажа следниве тенденции:
- Резултатите од локалните избори и политичките случувања во земјава ја „потиснаа“ вакцинацијата како главна тема во медиумите.
- Преовладуваат вести за Ковид-19 и вакцинацијата од светот.
- Новинарите известуваат за третата доза на вакцина, како и за тоа, дали вакцините се ефикасни против новиот делта плус сој на коронавирусот.
- Медиумите пренесуваат готови статистики од здравствените институции за текот и резултатите од процесот на имунизација во државава.
Интегрален текст на извештајот: Monitoring_mediumi_8_noemvri 2021