Припадници на Единицата за брзо распоредување се поредија пред седиштетот на Студентскиот парламент при УКИМ и упаднаа за да ги растераат членовите на Студентскиот пленум кои го блокираа влезот со часови, со цел да дознаат што се случи со насилно грабнатите гласачки кутии од Правниот факултет, објави Радио МОФ.
Шарената револуција повикува граѓаните да се солидаризираат со студентите и да дојдат пред студентскиот дом!
Уранија Пировска на својот ФБ профил напиша: „Пред наши очи применија сила врз студентите! Ги влечеа по земја да ги изнесат од продторијата, а нас не буткаа со штитовите! Применија сила врз млади луѓе што ја бараа правдата! Полициската бруталност продолжува со уште поголем замав! Ова вечерва беше доказ дека режимот решил да удира уште посилно и посурово!! Тоа треба да ни биде насочувач за тоа што треба да правиме понатаму! НЕМА ПРАВДА НЕМА МИР!“