malo 1

Подобра соработка на Омбудсманот со општина Тетово за поголема заштита на правата на граѓаните

на дек 19, 18 • од

Фокус на дискусијата беше улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институции на локално ниво, со Народниот правобранител...
Pin It

Home » Активности » Подобра соработка на Омбудсманот со општина Тетово за поголема заштита на правата на граѓаните

Во организација на НВО Инфоцентарот, а во соработка со Народниот правобранител и Општината Тетово, на 18 декември, се одржа јавниот настан „Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“.

На настанот говореа народниот правобранител Иџет Мемети и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, и Билјана Бејкова од НВО Инфоцентарот, а присуствуваа и претставници на државните и јавните институции во општина Тетово.

malo 2Фокус на дискусијата беше улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институции на локално ниво, со Народниот правобранител.

Според Мемети, најголем проблем за недоволно функционирање на односот народен правобранител – локална власт, е тоа што граѓаните се уште немаат познавања во однос на нивните права, па заради тоа не знаат кога треба да се обратат до народниот правобранител, по однос на проблемите кои се во надлежност на локалната самоуправа. Тој нагласи дека недостасува промоција, комуникација и отвореност на локалните институции со граѓаните.

„Во Скопје има повеќе од 1.500 претставки годишно, а во Тетово од 300 до 500. Граѓаните треба почесто да доаѓаат да бараат заштита во однос на проблемите во надлежност на општините. Граѓаните не ги знаат доволно ниту надлежностите на локалната самоуправа. Исто така, нема ефикасност и ефективност кај локалната администрација во однос на давање информации на граѓаните “ народниот правобранител Иџет Мемети.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, смета дека локалната власт и народниот правобранител досега имаат добра институционална соработка. Таа истакна дека од 12 претставки упатени до Општината, 10 се однесувале на прашања поврзани со исплати и 2 поврзани со инспекциски служби.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Граѓанско набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top