Студентскиот пленум и неговите членови остануваат цела ноќ пред студентскиот дом “Кузман Јосифовски Питу“, затоа што се решени да го спречат изборниот фалсификат на Студентскиот парламент.
Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска која се наоѓа меѓу пленумците, за А1он изјави дека студентските избори се проследени со брутално крадење на гласачки кутии и гласови на студентите и де ка не може да стане збор за фер и регуларни избори. Таа најави дека Хелсиншкиот комитет ќе поведе постапка за овие случувања особено затоа што станува збор за брутален упад на власта во студентските избори: „…Ова е скандал и показател каков е манирот на владеење во Македонија“, заклучи Пировска.
Во близина на студентскиот дом има огромно присуство на специјалните сили на полицијата.