pat

Пет лекции за петка по човекови права – петта радио емисија

на јун 29, 16 • од

Државата го трасира експресниот пат Штип – Кочани и прашање на денот е кога ќе почне да го гради. Во тек е интензивен процес на експропријација, кој остави стотина незадоволни сопственици на имот што се зафаќа. Сопствениците останаа изненадени од фактот дека земјата неодложно и итно треба да ја предадат на државата, по сила на [&hellip...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » Пет лекции за петка по човекови права – петта радио емисија

Државата го трасира експресниот пат Штип – Кочани и прашање на денот е кога ќе почне да го гради. Во тек е интензивен процес на експропријација, кој остави стотина незадоволни сопственици на имот што се зафаќа. Сопствениците останаа изненадени од фактот дека земјата неодложно и итно треба да ја предадат на државата, по сила на законот. Вториот шок им дојде неколку месеци подоцна со цената за земјата која им ја понуди државата.

Помош од медиумите побара еден од сопствениците кој меѓу другото напиша во писмото до Канал 77: „Се работи за голема кражба од државата во проценувањето на земјоделските култури на оризните ниви , каде квадрат земјиште е проценето на 3,2 денари“, пишува овој сопственик, кој достави и документи од коi се гледа понудата на државата пд 3,2 денари по квадрат.

Нему, државата за трајно одземање на оризовата нива од 192 метри квадратни, треба да му плати само 614 денари. Секоја година овој земјоделец од нивата заработува во просек по 2000 евра.

Илустративен е примерот со нива од 4000 квадрати, проценета на 130.000 денари, со 15 наследници, кои главно живеат во Скопје. Повеќе од нив веќе двапати доаѓаат во Штип на јавни расправи а според проценката секој од нив би добил помалку од 100 денари. Само за превоз до сега имаат потрошено по 2000 денари. Заедно со стотина други сопственици се организираат и најавуваат заедничка тужба пред суд. Сметаат дека проценката на земјиштето е прениска.

Законот за експропријација, кој беше изменет во 2014 година и’ даде за право на државата вака да постапува со сопствениците на имот. Кога се работи за јавни и неодложни работи, имотот се одзема, а во замена добиваат пари.

Сите актуелни постапки во моментот се базираат на измената на законот за експропријација, каде сопственикот не може да одлучува дали ќе го предаде својот имот на државата, туку тоа мора да го направи по сила на законот. Оваа измена е донесена пред неколку години со остро противење на опозицијата, која уште тогаш најавуваше дека може да се случи грабеж на граѓаните.

Сопствениците почнаа да се организираат и сакаат преку суд да ги бараат парите за одземаните ниви. Влатко Горгиев е еден од нив, каде му се одзема лозов насад кој грижливо го подигал со години и насад со детелина. „Цената која што ни е предложена е катастрофална. Можеме да ја споредиме со таа за карго аеродромот кај Врсаково.

Цената што ни ја нудат е дваесет пати помала од таа што ја добија за аеродромот. Сметам дека ни е нарушено сопственичкото права бидејќи во текот на овие две години додека се работи на подготовката на патот ниту еднаш не не’ консултираа за трасата и останатите работи што не’ засега“, изјави Ѓоргиев.

Сопствениците се чудат на законските измени за експропријација и додаваат дека државата ги враќа во 1947 година во времето на колективизација кога присилно им била одземана земјата на земјоделците. Во студијата за оценка на влијанието на изградбата на експресниот пат, нарачана од финансиерот, Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), стои дека засегнати се околу 3000 жители од пет села од штипско и кочанско каде ќе поминува патот. Ќе биде одземемено земјиштето од повеќе од 3000 ситни и покрупни сопственици на земја. Се гледа и социјалната структура на сопствениците, каде еден дел се чисти земјоделци чии семејства живеат само од обработката на земјата што ќе им биде одземана, како на овој земјоделец. „Ќе видиме какви услови ќе понудат. Јас сум земјоделец, живеам од тоа и важно ми е што ќе добијам за возврат. Ќе ја дадам земјата ако веќе морам“, ни рече земјоделец од Крупиште. Сопствениците на имот се повикуваат на Уставот каде е гарантирано правото на сопственост. Во делот на економските права и слободи во случај на експропријација на сопственоста или во случај на ограничување на сопственоста се гарантира праведен надомест кој не може да биде понизок од пазарната вредност.

Највисокиот акт во државата е згазен со проценката на која се базираат спогодбите за отстапување на имотот на државата е ставот на сопствениците, кои не наишле на разбирање кај Државното правобранителство, кое во име на државата ги склучува спогодбите. Правобранителката Сунчица Кукушева е затрупана од предмети. Вели дека не може да каже за колкав број се работи, но дека се многу. Попатно ја објасни постапката оградувајќи се од цената дека тоа е оценка на овластени проценители. За тие што нема да се согласат со цената преостанува можноста за тужба пред суд, но тоа како што вели не го одлага одземањето на имотите.

Токму ова, според правникот Стамен Филипов е еден од најспорните делови од Законот за експропријација. Рекордерот по број на поднесени иницијативи за оспорување на акти пред Уставниот суд се сеќава дека одамна има поднесувано иницијатива за овој закон, но за последните измени од 2014 година тој лично нема побарано оценување на уставноста. Но, како што рече, е сигурен дека се коси со Уставот, бидејќи правото на сопственост спаѓа во гарантираните економски слободи.

Фондот за државни патишта интензивно работи на подготовка за почеток на изградба на експресниот пат. Трасата го сече и системот за наводнување. Ангажираната компанија „Чакар и парнтерс“ имаат информација дека патот од 14,3 километри ќе поминува низ државно и приватно земјиште, главно од четврта и петта категорија.

„Патот е со ширина од 11,4 километри за во иднина да прерасне во автопатско решение. Ќе опфати од 450-500 хектари, од кои две третини е државно земјиште и една третина приватно земјиште“, изјави Бошко Цилаков од „Чакар и партнерс“.

Оваа прва делница од 14,3 километри ќе чини од 28до 30 милиони евра, за што Македонија веќе доби кредит од Европската банка за обнова и развој(ЕБРД). Во иднина овој експресен пат треба да прерасне во автопатско решение кое ќе се поврзе со патот Штип – Миладиновци.

За проблемот со проблемот на цената и правото на сопственост, сите упатуваат на судот како краен арбитер. Сопствениците не се откажуваат и бараат ако веќе им се одзема земјата по сила на законот да добијат пазарна цена како таа за изградбата на обиколницата на Скопје или карго аеродромот. Со експропријација на овие локации одделни сопственици добија по неколку десетици илјади евра што им овозможи дејноста да ја продолжат на квалитетно земјиште што потоа го купија

Извор: Канал77

Прилогот е овозможен со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско општество. Содржината на прилогот е одговорност на ЗГ „Медиа плус“ Штип и на авторите и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top