Забавено темпо на имунизација и на пријавување за вакцинација.
До 15 јуни, 21.5% од населението примиле барем една доза вакцина.
Колку луѓе треба да се вакцинираат?
За да се постигне колективен имунитет потребно е да се вакцинира најмалку 60% од населението.
Според проценките на Државниот завод за статистика, заклучно со 31.12.2019 година, во државава бројот на населението изнесува 2.076.255.
Според Националниот план за Ковид-19 вакцинација во Репубика Северна Македонија 2.1 треба да се вакцинираат вкупно 1.490.500 полнолетни граѓани категоризирани во различни приоритени групи.
Колку луѓе се пријавиле за вакцинација?
Заклучно со 21 јуни, на специјалната интернет-апликација на Владата, за вакцинација се пријавиле вкупно 450.634 граѓани односно 21.7%од населението.
Бројот на заинтересирани граѓани се зголемиl за 23% во периодот од 16 мај до 15 јуни.
Темпото на пријавување за вакцинација продолжува да се намалува.
Колку луѓе се вакцинирани?
Заклучно со 15 јуни, 193.029 граѓани комплетно го завршиле процесот на вакцинација односно примиле две дози вакцина. Оваа бројка покажува дека целосно се вакцинирани 9% од населението.
До 15 јуни, една доза вакцина примиле 259.395 граѓани односно 12.5% од населението.
36% од граѓаните над 60 години примиле барем една доза вакцина.
Вакцинацијата со прва доза стагнираше во првата половина на јуни заради недоволниот број вакцини.
Од 5 јуни, неколку илјади македонски граѓани секојдневно се вакцинираа во Србија.
Колку вакцини се пристигнати?
Заклучно со 15 јуни, во државава се пристигнати вкупно 536.780 дози на вакцини.
Во овој период пристигнаа и првите 30.000 дози од кинеската вакцина Синовак.
Најзастапена вакцина е Синофарм (56.3%), а потоа следат Фајзер (16.9%), Астра-Зенека (16.4%), Синовак (5.6%) и Спутник В (4.8%).