НВО Инфоцентарот, во рамки на својата програма „Информации засновани на факти и транспарентност за успешна Ковид-19 имунизација“, на неделна и месечна основа го следи процесот на вакцинација против Ковид-19 во Република Северна Македонија.
Главен акцент во следењето е ставен на текот, темпото и интензитетот на вакцинацијата на населението против Ковид-19, набавката и пристигнувањето на вакцините во државава, како и начинот и квалитетот на информирање на граѓаните за овој исклучително важен процес.
Клучни наоди за периодот од 24 септември – 26 октомври 2021:
- Интересот на граѓаните за вакцинирање e исклучително мал и во континуитет опаѓа.
- 772.424 граѓани се целосно вакцинирани (37.3% од населението).
- 802.705 граѓани примиле барем една доза (38.8%од населението).
- Од 24 септември заклучно со 26 октомври, процентот на целосно вакцинирани се зголемил за 3.3%, а на оние со една доза за само 1.2%.
- 54% од населението над 40 години е вакцинирано со две дози вакцина.
- Целосно се вакцинирани 4.638 деца на возраст од 12 до 18 години.
- Трета доза вакцина примиле 5.666граѓани.
- И натаму нема официјални податоци колку македонски граѓани се вакцинирале во странство.
- 26% од новозаразените, 24% од хоспитализираните и 17% од починатите од Ковид-19, се вакцинирани.
- Досега државава примила донација од 720.110 дози вакцини.
Интегрален текст Mesecen_ImunoMetar_ 26 oktomvri 2021