Клучни наоди за периодот од 19 јули до 24 август 2021
- 503.401 граѓани се целосно вакцинирани (24.3% од населението).
- 674.510 граѓани примиле барем една доза (32.6% од населението).
- Од 18 јули до 24 август, процентот на целосно вакцинирани се зголемил за 46%, а на оние со една доза за 32.7%.
- 55% од населението над 50 години е вакцинирано со една доза вакцина.
- Зголемувањето на вакцинираните главно се должи на новите рестриктивни мерки.
- Продолжува теренската, но и вакцинацијата без претходно закажан термин.
- Продолжува вакцинацијата на децата од 12 до 18 години со Фајзер.
- Гевгелија и Кавадарци имаат највисок процент полнолетно население со прва доза.
- Најнизок процент полнолетно население со прва доза има во Кичево и Дебар.
- 9% од хоспитализираните со Ковид-19, а 8% од починатите биле вакцинирани.
- Се уште нема официјални информации колку македонски граѓани се вакцинирани во странство.
- За вакцинираните граѓани кои патуваат во САД и Канада достапен е CommonPass.
- Европската комисија го усвои националниот дигитален сертификат на РСМ.
- Во државава, досега се пристигнати 1.719.460 дози вакцини.
- Се уште нема пристап до официјални сеопфатни, детални, електронски достапни и пребарливи систематизирани податоци, статистики (вкрстувања анализи и др.) за процесот на вакцинација во државава.
- Останува препораката за подобрување на квалитетот, опфатот и пристапот до податоци, статистики, информации поврзани со процесот на имунизација во државава.
- Владата ја започна медиумската кампања: Вакцинирај се, наменета пред се за младите луѓе.
Интегрален текст Месечен ИмуноМетар – 24 август 2021