Клучни наоди за периодот од 16 јуни до 18 јули 2021
• 13% од населението се целосно вакцинирани (272.129 граѓани).
• 22% од населението примиле една доза вакцина (453.773 граѓани).
• Во последните четири недели процентот целосно вакцинирани граѓани се зголемил за 4%.
• 41% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.
• Голема новина е одлуката на здравствените власти да започне вакцинацијата на децата од 12 до 17 години.
• Стручната јавност и натаму има поделни ставови за вакцинацијата на децата.
• На оваа одлука не и претходеше кампања за соодветна подготовка и информирање на родителите и децата.
• Децата ќе се вакцинираат од 19 јули, единствено со Фајзер и со претходно закажан термин.
• До 17 јули, за вакцинација се пријавени околу 1.800 деца.
• На 12 јули започна вакцинацијата без претходно пријавување и закажан термин, како и теренската имунизација.
• Се уште нема официјални информации колку македонски граѓани се вакцинирани во странство.
• Заклучно со јуни, до МАЛМЕД пристигнале 155 пријави за несакани рекации.
• Нема пристап до официјални сеопфатни, детални, електронски достапни и пребарливи систематизирани податоци, статистики (вкрстувања анализи и др.) за процесот на вакцинација во државава.
• Препорачуваме подобрување на квалитетот, опфатот и пристапот до податоци, статистики, информации поврзани со процесот на имунизација во државава.
• Препорачуваме поефикасно и поефективно креирање и спроведување кампања за поттикнување и охрабрување на граѓаните да се вакцинираат.
Интегрален текст Mesecen_ImunoMetar_ 18 juli 2021