grantisti

Осум граѓански организации ќе работат на креирање на унифицирани бази на податоци за сите општини во земјата

на јун 22, 17 • од

Проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ додели осум мали грантови на граѓански организации од осумте плански региони во земјава, за подготовка на унифицирани бази на податоци од јавен интерес...
Pin It

Home » Активности » Осум граѓански организации ќе работат на креирање на унифицирани бази на податоци за сите општини во земјата

Проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ додели осум мали грантови на граѓански организации од осумте плански региони во земјава, за подготовка на унифицирани бази на податоци од јавен интерес.

Осум НВО ќе работат на прибирање, обработка и анализира на релевантни податоци за однапред определени области за сите општини од регионот на којшто му припаѓаат. Областите за коишто ќе се прибираат информации од јавен карактер се: економија и финансии, квалитет на живот, здравство и животна средина. Конкретните податочни сетови што треба да се обезбедат преку малите грантови во секоја од овие области се претходно утврдени низ широк консултативен процес и се оценети од страна на граѓанските организации и новинарите како најкорисни за нивната идна работа. Прибраните и обработените податоци по региони ќе претставуваат основа за изработка на унифицирани бази на податоци за сите 80 општини и Градот Скопје. Базите ќе содржат податоци во временска низа од неколку години со цел да бидат корисен ресурс за иницирање на новинарски истражувања и анализи, но и да послужат како основа за преземање на натамошни акции од страна на граѓанските организации.

Носители на мали грантови во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“ се: Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација – Скопје, Младински културен центар Битола, Здружение Новус Струмица, Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци од Виница, Здружение Граѓански центар за одржлив развој ЕГРИ Крива Паланка, Здружение Извиднички одред Димитар Влахов Велес, Здружение Центар за развој на заедницата Кичево и Здружение Центар за развој и унапредување на јавниот живот Тетово.

Проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“  го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации, НВО Инфоцентарот  и Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), со финансиска поддршка од ЕУ.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top