4434735

Организација и спроведување на вакцинацијата

на мар 17, 21 • од

За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постојната здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се превентивните служби за имунизација во рамките на здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и епидемиолошките служби во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации...
Pin It

Home » Ковид Имунометар » Организација и спроведување на вакцинацијата

За спроведување на вакцинацијата ќе се користи постојната здравствена инфраструктира и кадарот кој досега ја спроведува вакцинацијата. Во прв ред, тоа се превентивните служби за имунизација во рамките на здравствените домови во кои се врши задолжителната имунизација и епидемиолошките служби во центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици во кои се врши имунизација по епидемиолошки и клинички индикации.

Центрите во склоп на интерните клиники што опфаќаат голем број здравствени работници кои се во првата приоритетна група, ќе  организираат посебен вакцинален пункт за спроведување на вакцинација на локација на комплексот универзитетски клиники, со цел полесен пристап до вакцинацијата.

Теренска вакцинација ќе се организира за лицата сместени во специјални установи за грижа за лица со посебни медицински потреби / центри за рехабилитација, установи за долготраен престој и домови за стари лица, а ќе ја организираат и спроведуваат вакциналните тимови од здравствените домови.

Интензитетот со кој ќе се врши вакцинацијата во првата фаза ќе зависи од достапните количини на вакцини и бројот на лица подложни за вакцинација кои ќе влезат во приоритетните групи од првата фаза (на пример, здравствени работници, возрасна ризична популациона група).

Првата фаза ќе содржи и силен мониторинг на безбедноста на вакцините во однос на одржување на „ладен ланец“, начинот на подготовка и апликација, како и водење на евиденција за спроведената вакцинација. Одговорни институција за спроведување на мониторинг и контрола на процесот на вакцинација ќе бидат ИЈЗ, ЦЈЗ и ДСЗИ.

Заради специфичните услови на чување на Ковид-19 вакцините на температура од -70°С или -20°С и заради повеќе дозноста на вијалите со вакцина, сите лица вклучени во процесот на вакцинација, пред да започнат со вакцинација задолжително ќе поминат обука организирана од Министертвото за здравство и Институтот за јавно здравје, во соработка со СЗО и УНИЦЕФ.

Министерството за здравство и Владата може да одлучат да се вклучи и дел од армијата и полицијата како дополнителна логистика за спровдување на вакцинацијата.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top