OON

ООН: Македонија назадува во почитувањето на човековите права и слободи

на јул 24, 15 • од

Според Комитетот, очигледно е дека државата назадува во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи особено во делот на слободата на изразување и собирање...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » ООН: Македонија назадува во почитувањето на човековите права и слободи

Комитетот за човекови права на Обединетите нации го објави третиот Периодичен извештај за Република Македонија, со заклучоци донесени на состанокот одржан на 2 и 3 јули 2015 година.

Според Комитетот, очигледно е дека државата назадува во почитувањето и заштитата на човековите права и слободи особено во делот на слободата на изразување и собирање. Комитетот укажува на прекумерната употреба на сила од страна на полицијата на протестите пред зградата на Владата на 5 мај; на масовното следење на комуникациите со што се повредува правото на приватност; на дискриминацијата врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет; на процедуралните пречки за доброволен прекин на бременоста; за забранувањето на излез на Ромите од земјата; за третманот на мигрантите и барателите на азил и др.

Комитетот е загрижен за селективна распределба на јавните средства во медиумите, за недоволната независност на Агенцијата за аудио и аудивизуелни медиумски услуги од власта, како и за постојаните напади и притисоци врз новинарите.

Во поглед на прислушувањето, Комитетот изразува загриженост заради бројните извештаи кои говорат дека илјадници граѓани, вклучувајќи ги и опозициските политичари и новинари, се прислушувани од страна на службите за безбедност. Според ОН, ова претставува нарушување на слободата на изразување и приватноста на прислушуваните лица особено затоа што, тие не се систематски информирани за тоа дека биле под надзор и всушност не биле во можност да побараат каква било правна заштита.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top