36371662_10216901022826141_4659696593086185472_n

Обуки за подобро искористување европски фондови

на јун 29, 18 • од

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, започна со реализацијата на серија обуки наменети за зголемување на капацитетите на локалната администрација и граѓанските активисти во Скопје, Битола, Тетово и Струмица...
Pin It

Home » Активности » Обуки за подобро искористување европски фондови

НВО Инфоцентарот, во соработка со Организацијата на жени од Струмица, започна со реализацијата на серија обуки наменети за зголемување на капацитетите на локалната администрација и граѓанските активисти  во Скопје, Битола, Тетово и Струмица.

Обуките за зголемување на  знаењето и подобрување на способностите на општините и на граѓанските организации за учество во програмирањето на ИПА фондовите и аплицирање за европско финансирање се дел од втората фаза на проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“.

20180621_125818

Работилница за администрацијата во Градот Скопје

Во текот на јуни 2018 се реализираа две еднодневни обуки за потребите на администрацијата во Градот Скопје и три еднодневни обуки за граѓанските организации од Струмица. Серијата обуки продолжува во јули во Битола и во септември во Тетово.

На обуките им претходеше  мапирање на тековните состојби и соработката меѓу општините и граѓанските организации во програмирањето и учеството во фондовите од ИПА (во општините Битола, Струмица, Тетово и Градот Скопје). Сознанијата за степенот на искористеност на ИПА фондовите беа основа за креирање на обуки соодветни  на потребите на локалната администрација и граѓанските активисти.

Проектот „Локален консултативен механизам за ИПА2“ е поддржан од Министерството за финансии на Република Македонија – Сектор за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД), преку програмата ТАИБ 2013, а со средства од Европската Унија.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top