НВО Инфоцентарот и Транспарентност Македонија, на 31 октомври и 1 ноември, во Велес, одржаа дводневна обука за новинари на тема: „Проверка на потеклото на имотот – (не)ефикасна алатка против корупцијата“, во Велес.
Гости предавачи беа Билјана Ивановска од Дражваната комисија за спречување корупција (ДКСК), Каролина Чашкарова од Управата за јавни приходи, д-р Гордана Лажетиќ, професорка на Правниот факултет на Университетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), а модерaтор-предавач беше Герман Филков од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).
Обуката се организираше во рамки на проектот „Граѓански организации и медиуми против корупција – Коалиција за нулта толеранција“, поддржан од Европската Унија.