„Народниот правобранител и локалната власт: Подобра соработка за поголема заштита на правата на граѓаните“,беше темата на петтиот јавен настан кој се одржа на 26 март, во Општина Штип, а на кој говореа заменик Народниот правобранител Јован Андоновски, градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски и Елена Маневска, од Регионалната канцеларија на Народниот правобранител во Штип.
Главниот фокус на оваа дискусија беше улогата на Народниот правобранител како клучна институција во заштита на правата на граѓаните, како и начините за подобрување на соработката на локалните власти, државните и јавните институци на локално ниво, со Народниот правобранител.
Околу 4000 претставки годишно, Народниот правобранител добива од граганите по разни основи, за кои сметаат дека им се повредени основните грагански права, истакн заменик Народниот правобранител на Македонија, Јован Андоновски.
„Граѓаните се обраќаат најчесто за остварување на права од социјалната сфера, права од работниот однос, потрошувачките права, непостапување на институциите од државната и локалната власт, правосудството“, објасни Јован Андонов – зам. Народен правобранител на РСМ
Над 90% од добиените претставки успешно се решаваат. Високиот процент на решени граѓански жалби ја зголемува и довербата на граѓаните кон оваа институција…
„Правиме максимални можности, доколку сме во можност да издејствуваме позитивен исход по граѓанските претставки односно, проблемот да го решиме во нивна полза, за што имаме разбирање од институциите од централната и локална власт“, информира Андонов
„Најмногу претставки добиваме од областа на правосудството, повредата на правата од работен однос, потоа, урбанизмот, градежниот инспекторат, комуналната дејност“, истакна Елена Маневска.
Овој настан е дел од проектот „Граѓанскo набљудување на Народниот правобранител“, спроведуван од НВО Инфоцентар, а поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија.
Извор: ТВ СТар