12122434_10154009046296754_3882776233646852838_n

НВО Инфоцентар: Власта бега од одговорноста и ги крши уставните права на граѓаните

на окт 6, 15 • од

Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, доставен до Собранието од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е во спротивност со Уставот на Република Македонија и преставува потврда за тоа дека актуелната власт нема никаков демократски капацитет...
Pin It

Home » Активности, Слобода за слободата на изразување » НВО Инфоцентар: Власта бега од одговорноста и ги крши уставните права на граѓаните

Предлог-законот за забрана за поседување, обработка, објавување и располагање со материјали кои произлегуваат од незаконско следење на комуникациите, доставен до Собранието на Република Македонија, од страна на ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ е во спротивност со Уставот на Република Македонија и целосно ги крши основните права на граѓаните поврзани со слободата на изразување, слободата на мисла и слободниот пристап до информирањето.

Обидот на владејачката гарнитура, преку овој неуставен закон, да воведе комплетна цензура, за НВО Инфоцентарот претставува уште една недвосмислена потврда за тоа дека актуелната власт нема никаков демократски капацитет и дека е подготвена на секаков можен начин да ја избегне својата одговорност, како за неовластеното прислушување на десетици илјади граѓани, така и за корупцијата и криминалите обелоденети со таканаречените бомби.

Граѓаните имаат право да ја дознаат целата вистина и да бараат одговорност од оние кои незаконски ги прислушувале и ги трошеле нивните пари.

Затоа, НВО Инфоцентарот ѝ се приклучува на граѓанската иницијатива АЈДЕ и ги повикува граѓаните на Република Македонија масовно да излезат и да го изразат својот револт на протестот пред Собранието, закажан за 18 часот, на 7 октомври.

СТОП за цензурата!

Едновремено, НВО Инфоцентарот апелира до меѓународните посредници да не дозволат ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да го забавуваат преговарачкиот процес и да ги пролонгираат договорените рокови.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top