unnamed (1)

НВО Инфоцентар реагира: Узурпирани авторските права на „Медиумското огледало“

на мар 31, 10 • од

НВО Инфоцентарот е вчудовиден од неетичкиот и неморалниот чин на Институтот „Димитрија Чуповски“ за узурпација на авторските права и правата на интелектуална сопственост на нашата програма за континуирано набљудување и анализа на медиумите  -  „Медиумско огледало“. Овој Институт, со објавувањето на квантитативниот мониторинг на медиумите насловен како „Медиумско огледало“,  на најочигледен и најнекоректен начин се обидува да ги [&hellip...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » НВО Инфоцентар реагира: Узурпирани авторските права на „Медиумското огледало“

НВО Инфоцентарот е вчудовиден од неетичкиот и неморалниот чин на Институтот „Димитрија Чуповски“ за узурпација на авторските права и правата на интелектуална сопственост на нашата програма за континуирано набљудување и анализа на медиумите  -  „Медиумско огледало“.

Овој Институт, со објавувањето на квантитативниот мониторинг на медиумите насловен како „Медиумско огледало“,  на најочигледен и најнекоректен начин се обидува да ги „позајми“  брендот и репутацијата на мониторингот на медиуми „Медиумско огледало“,  на НВО Инфоцентарот,  кој се спроведува (објавува) веќе пет години и  кој им е многу добро познат на сите медиуми и медиумски организации, на сите јавни и државни институции, на сите меѓународни организации во државава, на целиот дипломатски кор и на целата јавност воопшто.

Институтот  копирајќи го  името на нашата програма за истражување преку неовлaстeното користење, располагање, емитирање  и вознемирување на нашите права, ги доведува во заблуда сите овие институции , како и јавноста во целина.  За оваа постапка на Институтот „Димитрија Чуповски“, НВО Инфоцентарот  веќе и официјално ги извести сите домашни и меѓународни институции и организации, кои редовно ги добиваат и ги читаат извештаите на „Медиумското огледало“. 

НВО Инфоцентарот за да ги заштити авторските права и правата на интелектуална сопственост на својата програма веќе ги презема сите со закон предвидени чекори и активности.

Едновремено, најљубезно ги замолуваме претставниците на Институтот „Димитрија Чуповски“ да му најдат ново име на својот мониторинг и самостојно да се обидат да му изградат препознатлив бренд и репутација.

„Медиумското огледало“ на НВО Инфоцентарот е програма која во континуитет се спроведува од  мај 2005 година, со финансиска поддршка на Шведскиот хелсиншки комитет за човекови права, Амбасадата на САД во Република Македонија и на Фондацијата Институт отворено општество – Македонија. Основната цел на оваа програма  е да го набљудува и анализира квалитетот на информациите што граѓаните ги добиваат преку медиумите за клучните општествени процеси во Македонија (изборите, реформите, децентрализацијата, односите со соседите, евроинтеграциите и др.).  Досега во рамките на  „Медиумското огледало“  се објавени 38 извештаи, а до крајот на април ќе биде објавен и првиот извештај за 2010 година, посветен на информирањето на медиумите за спорот со името.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top