12744546_10204074374099425_1879882762356339998_n

Новинарот Мамучевски избркан од седница на Советот на општина Берово

на апр 5, 16 • од

На Мамучевски не му било дозволено да присуствува на седницата на општинскиот совет само затоа што ги критикувал локалните власти за неисчистените купишта смет...
Pin It

Home » Граѓанска сцена, Слобода за слободата на изразување » Новинарот Мамучевски избркан од седница на Советот на општина Берово

 

На 4 парил 2016 година, сопственикот на порталот „Малешевски весник“, Јован Мамучевски на дрзок и на недозволен му било оневозможено да ја следи вонредната седница на Советот на општина Берово. Причината за ваквиот чин на загрозување на правото на информирање, според Мамучевски, е фактот што тој  ги критикувал локалните власти дека Берово наместо на туристички град, наликува на дива депонаји заради купиштата неисчистен смет.

По повод отстранувањето на Мамучевски од вонредната седница на Советот на општина Берово, тој на својот ФБ-профил напиша:

Денеска се случи невидена дискриминација од страна на градоначалникот на Берово, Драги Наџински кон новинарот Јане Мамучевски. Срамно. По покана на Претседателот на советот на општина Берово да присуствувам на вонредната седница на која како единствена точка беше состојбата на комуналното претпријатие ЈКПР „Услуга“ кои веќе 3-ти ден штрајкуваат  и како што е познато Берово наликува на дива депонија наместо на туристичко место. Јас добив официјална покана и отидов и на самиот влез советниците беа и од двете политички партии. Јас одам да влезам во собранието и обезбедувањето ме запира, ми бара дали имам акредитација, му велам  да присуствува на совет може секој граѓанин и самите совети се јавни, но еве ќе ти дадам акредитација. Во тој момент Претседателот на советот на тој вработен му рече дека може да присуствувам, но вработениот не сакаше да му пушти и по мобилен го побара градоначалникот Драги Наџински, а тој нервозно кажа дека ЗА МЕНЕ ОВАА ИНСТИТУЦИЈА Е ЗАБРАНЕТА, што претставува еден вид дискриминација, односно попречување на слободата на информирање. Фасциниран сум од злобата и арогантноста на Градоначалникот кон лице кое само ги извршува професионалните новинарски стандарди. Јас, Јане Мамучевски сега ги информирам сите новинарски здруженија, невладини организациии, сите локални и регионални медиуми бидејќи ова е преседан. Вака ли ќе се бориме за регулација на медиумите?

Поврзани написи

2 Responses to Новинарот Мамучевски избркан од седница на Советот на општина Берово

Scroll to top