download (1)

Новинарите поттикнуваат дебата и не ја забораваат европската рамка

на окт 29, 10 • од

Анализата на квалитетот на информирањето покажува дека поголемиот дел од медиумите активно ја потикнуваат јавната дебата за актуелните теми со тоа што ги пренесуваат изјавите на Владата, опозицијата, експертите и невладините организации, а забележливо е и зголемувањето на коментаторскиот пристап на уредниците и новинарите, особено во печатените медиуми...
Pin It

Home » Мониторинг на Медиуми » Новинарите поттикнуваат дебата и не ја забораваат европската рамка

НВО Инфоцентарот, во соработка со Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО) а со финансиска поддршка на Фондацијата Институт отворено општество Македонија (ФИООМ), и во 2010 година, спроведува континуиран мониторинг на квалитетот на информациите објавени во медиумите, во контекст на евроинтеграциите на Македонија.

Во мониторингот се вклучени осум дневни весници („Утрински весник“; „Дневник“; „Вест“; „Вечер“; „Време“; „Нова Македонија“„Шпиц“ и „Коха“) и централните информативни емисии на седум телевизии со национална и сателитска концесија („А1“; „Канал 5“; „Сител“; „Телма“; „МТВ1“; „Алфа“ и „Алсат“). Потребно е да се напомене дека од технички причини, во периодот од 15 јули до 1 август 2010 година, не бевме во можност да го набљудуваме весникот „Коха“.

Најновиот извештај се однесува на периодот 1 јули – 31 август 2010 година и содржи анализа на квалитетот на информациите за неколку значајни теми поврзани со евроинтегративните процеси: инцидентот во Собранието на Република Македонија и функционирањето на политичкиот дијалог; случајот со канабисот и битолскиот фармер Душко Илиевски; работата на Државната комисија за антикорупција; случајот со отпуштените новинари во ТВ Канал 5; обраќањата на владиниот врв по повод Денот на Републиката; работата на Комисијата за лустрација; препораките до Македонија од Советот за стабилизација и асоцијација на ЕУ и контраверзните изјави на амбасадорот во НАТО, Мартин Треневски.

Анализата на квалитетот на информирањето покажува дека поголемиот дел од медиумите активно ја потикнуваат јавната дебата за актуелните теми со тоа што ги пренесуваат изјавите на Владата, опозицијата, експертите и невладините организации, а забележливо е и зголемувањето на коментаторскиот пристап на уредниците и новинарите, особено во печатените медиуми. Некои медиуми во зависност од комплексноста на темата објавуваат информации кои имаат едукативна содржина, што не е вообичаена практика.

Некои од медиумите не известуваат за сите аспекти на настаните и темите што ги следат. Има медиуми кои за некои настани и случувања многу малку или воопшто не информираат. Ваквиот начин на информирање ја наметнува дилемата, дали некои медиуми намерно не известуваат за определени аспекти на случувањата или пак, не информираат за нив сметајќи ги за неважни и маргинални. Сепак, со ваквиот селективен пристап, овие медиуми не и обезбедуваат на својата публика професионално, квалитетно и сеопфатно информирање. Ова доведува до заклучок дека граѓаните доколку не ги следат истовремено повеќето медиуми, не можат секогаш да изградат информиран став за сите актуелни случувања.

Анализата покажува и тоа дека медумите отвораат многу прашања, но не успеваат докрај да ги одговорат. Ова предизикува дополнителна конфузија во јавноста. Имајќи ја предвид динамиката на настаните, медиумите не успеваат секогаш докрај да ги следат случувањата и дополнително да ги истражуваат, а уште помалку имаат простор да наметнуваат свои теми.

Препукувањата и непријателствата меѓу определени медиуми продолжуваат. Ова дополнително го влошува медиумскиот амбиент и ги одалечува новинарите од решавањето на проблемите поврзани со нивниот професионализам, етика и социјален статус. Особено индикативно е тоа што случајот со отпуштените новинари на Канал 5 и состојбите со медиумите во државата, во поголемиот дел од медиумите малку или воопшто не беа застапени. Новинарите потсетија на забелешките на ЕК за медиумската ситуација во Македонија, а некои дури и претпоставија дека ЕК во новиот извештај ќе биде уште покритична и ќе констатира влошување на состојбите.

Новинарите известувајќи за актуелните теми не ја забораваат европската рамка, а некои медиуми, барањата на ЕУ за напредок во евроинтеграциските реформи, ги користат како изговор за оправдување на владините политики (во случајот со професионализацијата на членовите на ДКСК). Дел од медиумите имаат критички однос кон власта и владините политики (случајот со фармерот Илиевски и состојбите во Државната комисија за спречување корупција), а некои отворено укажуваат на тоа дека владините политики се недвосмислено анти-НАТО и анти-ЕУ (контраверзните ставови на амбасадорот Треневски).Определени медиуми се  наклонети кон власта и нејзините политики,  и кај нив се забележува селективност во информирањето, но и помал интензитет во критичкиот и коментаторскиот пристап на новинарите и на уредниците.

 Медиумско огледало, јули-август 2010 (441KB)

Поврзани написи

Коментарите се затворени.

Scroll to top